УСПЕАВМЕ!!! Претседателско обраќање бр.6

Day 1,918, 16:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро,ден и ноќ најубави мои!

Овој пат ве поздравувам од Дубаи, град кој што сите знаеме дека целта е да биде нашиот главен град преку кој конечно ќе го направиме невозможното и да ги побиеме сите кои беа скептици пред да ја започнам оваа кампања.

Да потсетам за оние кои сеуште не се доволно информирани - Дубаи го населуваме со цел да стане главен град на еМакедонија и преку кој ќе ги поврземе сите оние освоени региони со ресурси, за подоцна да имаме поповолна економија што значи и добра "одскочна даска" за нашите понатамошни дуели со нашиот Јужен тросед(ГР).



Ситуацијата во моментов е следна:

Регионите - Западна Македонија и Повардарие со крајни напори успеавме да ги загубиме.

Тоа значи ни преостанува последниот регион а тоа е Источна Македонија кој во моментов е главен град на нашата држава КОЈ ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА СЕ ЗАГУБИ.

Утрешниот ден(1919) според мене и многумина кои будно ги следат моменталните настани е еден од клучните денови од кој зависи иднината на нашата еДржава во оваа игра.

Што треба да направите:

Сите оние кои што можат да си дозволат за карта е да се преселат во Фрција(ГР).

Во моментот на напад од фрчка страна потребно е да ги игнорираме сите останати битки и да се фокусираме само на тие две битки -

1. Директната битка - Фрција - Македонија

2. Востанието во оригиналните наши региони - Повардарие или Западна Македонија

Секој оној кој му е потребна помош или било каква информација може слободно да ги исконтактира админите на каналот за поделба #mkd.supplies кој ќе биде активиран по потреба.

Што треба да направите доколку успееме прво да ја загубиме ДИРЕКТНАТА БИТКА:

Секој оној кој се преселил во Фрција(ГР) ВЕДНАШ да се врати назад во градот Дубаи со цел да не се избегне можноста доколку востанието во Повардарие или Западна Македонија успее ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ!!

Инструкциите за преселба на поновите играчи го има во моето претходно обраќање бр.5.



Порака до оние кои не можат да се помират со фактот дека се даваат оригинални територии.

Македонци и Македонки, доколку успееме со оваа наше стратегиско отстапување на оригиналните региони ќе добиеме голема придобивка од видот на: поголем прилив во државниот трезор, повеќе опрема за војската во случај на одбрана или напад.
ВЕРУВАЈТЕ - Ќе им се вратиме на тие оригинални територии појаки од било кога...и не само тоа, ќе се бориме лавовски...онака како што ние најдобро знаеме и умееме И НЕМА ДА ОСТАВИМЕ НИТУ ЕДЕН ПИКСЕЛ НА МАПАТА ШТО ГИ ОЗНАЧУВА КАКО ДРЖАВА!!!

Сакани мои - бидете обединети и утре како што тоа го направивте за време на целиот мој мандат и поради што сум ви неизмерно благодарен...од срце!

АЈДЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ И ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР!!

Одиме понатаму...СЛЕДЕТЕ МЕ!!

о>



Претседател на еМакедонија
BucephalusIII