ВАЖНО!! 4000+ луѓе во Lombardy!!

Day 1,260, 06:39 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

Ќе бидам краток и јасен.
Потребни се 4000+ луѓе да станат жители на регионот Lombardy.

Претходната цел заеднички ја остваривме, Umbria стана главен град и во моментов имаме 4 "покемони"

- Овошје
- Риба
- Шалитра (или како и да се преведува небитно)
- Нафта


Знам дека е заморно и досадно може е и збунувачки но ајде уште ова да го оствариме сите заеднички и сложно и да не ги оставаме работите недовршени и до пола.

Зошто се прави ова?
Треба да имаме резервна варијанта во случај цел ЕДЕН да се собере и да дигне востание во Умбриа. Во случај да се случи најлошото и да се ослободи тој регион главен град ќе стане тој со најмногу жители а се договоривме тоа да биде Lombardy.
Lombardy ќе ни биде резервна варијанта.

Затоа кој имате карти што ви останале од извршување на мисии под итно селете се во Lombardy.
Бугарија можно е намерно да го пушти Повардарие и потоа цел ЕДЕН да мава во Умбриа.
Нека има и Lombardy 4000+ жители не можат да си дозволат да седат со денови во Македонија и да дигаат востанија а да губат на сите останати фронтови.

Кој немате карти пишете на Црвен Крст на Македонија еве ја статијата за бесплатна поделба на карти.
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1763506/1/20
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1763506/1/20
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1763506/1/20

МОБИЛИЗАЦИЈА И ДИСЦИПЛИНА на највисоко ниво!!

1. Ги замолувам сите играчи со голем број на претплати да пишат статија за преселба во Lombardy. Ако ве мрзи да пишете или немате време слободно направете copy-paste на оваа или било која статија на која тема е преселбата во Lombardy.

2. Масовен спам по четови и извици (шаути)!

3. СОЛИДАРНОСТ! Почастете 2-3 од вашите најдобри еРеп пријатели со бесплатна карта и со совет да отидат во Lombardy.

4. Одете во Society na Македонија и на Бугарија.
Кај Online Now кај Who ќе ги најдете тие што се онлине во моментот.
Тие што не се наоѓаат во Lombardy пишете им да се преселат таму.
Секој кој ќе го прочита текстов нека напише по 30 такви пораки.


Моментална ситуација! Lombardy жители: 659

Потребна ситуација! Повеќе од 4000 жители!

Преселбава важи за сите но највеќе за жителите на Повардарие да го намалиме бројот на жители таму значаен дел од играчите доаѓаат од Скопје и се населуваат таму.
Не мора ако некој е од Кичево или Битола и во играва да живее во Западна Македонија погледнете ја Lombardy и таа е убава

Што побрзо ја оствариме уште оваа цел, толку побрзо ќе следи конечното ослободување на нашата мајка Македонија. Со помош на нашата АРМ, нашите паравоени, нашите цивили, со помош на нашите браќа од ОНЕ и со помош на Xhisus Holikrajstovski, Амин!