Што му се случува на организмот 24 часа по испиеното пиво?

Day 2,875, 00:58 Published in North Macedonia North Macedonia by citizenacko

Многупати досега сме гледале видеа и читале објаснувања околу тоа што му се случува на телото по пиењето на безалкохолни газирани пијалаци, но овој пат станува збор за пивото – нашиот омилен алкохолен пијалак.

Сите ние добро знаеме дека сè што е во прекумерна доза има штетно влијание на нашиот организам, но дали знаете што се случува на телото по една или две испиени чаши пиво?

Според одредени истражувања уште првите 5 минути алкохолот започнува да се движи низ нашиот крвоток и веднаш започнува да влијае на нашиот мозок и мускули.

Следниот час организмот пробува да се ослободи од алкохолот, бидејќи на него гледа како на отров, а што следи, можете да погледнете на ова фотка.