До 2050-та ќе еволуираме во нов вид на луѓе?!

Day 2,490, 00:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Viktor Makedon

Истражувач од институтот Global Brain, Кадел Лест, тврди дека луѓето поминуваат низ голема „еволутивна транзиција“.

За помалку од четири децении, ќе живееме подолго, ќе добиваме деца на постари години и ќе се потпираме на вештачката интелигенција за да ги извршуваме дури и најсекојдневните задачи.

Ова го предвидува научникот Кадел Лест, кој работи на институтот Global brain, тврдејќи дека дека луѓето поминуваат низ голема „еволутивна транзиција“.

Според него, таа промена е толку значајна што може да се спореди со еволуцијата на мајмуните до поразвиените видови на примати и човекот.

- Кога вие ќе имате 80 или 100 години, животниот век ќе биде многу поголем од оној на нашите баби и дедовци, вели Лест, кој прогнозира дека најголемиот дел од времето ќе го поминуваме во виртуелната реалност.

Некои еволуционисти веруваат дека луѓето ќе успеат да го доживеат дури и 120-от роденден и тоа за помалку од половина век.

Имено, една од претпоставките на еволуцијата е тоа што мозокот повеќе расте, а на организмот му е потребна поголема енергија и време да го достигне својот полн потенцијал, што се одразува и на репродукцијата, која сè повеќе се одложува.

- Светската популација моментално е во потполен хаос. Но, во оваа криза постои и прилика. Апокалипсата може да стане метаморфоза. Мислам дека следниот систем кој ќе го создаде човештвото би можел да биде многу пософистициран и праведен, за разлика од нашата сегашна цивилизација, вели Лест.

Тој додава дека луѓето во иднина ќе можат да го „паузираат“ нивниот биолошки часовник со помош на технологијата, а дека промените веќе се одвиваат.