Војна за ресурси [МЗИ] [ЕДИТ]

Day 3,083, 14:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добровечер.

Морам да објавам едно кратко инфо во врска со новите промени кои се најавени на еРеп.

Како што беше најавено пред некое време, еРеп тимот започнува со воведување новости во играта за да ја зголеми забавата и активноста. Оваа новост вклучува 5 нови ресурси. Овие ресурси ќе може да се освојуваат во текот на месецот со битки помеѓу државите.

Значи ќе започе на 6ти мај заедно со новите влади и ќе трае цел месец турнирот.
Новите 5 ресурси се: волфрам, титаниум, кобалт, магнезиум и неодиниум.



На сликата е прикажано дека одреден ресурс што повеќе е достапен тоа повеќе бонус на производство ќе добивате.

На крајот на турнирот играчите со фирми ќе треба да ги укотват своите фирми во регион кој сами ќе го одберат за да имаат поголемо производство.
Освојување на ресурсите

Црепот или диктаторот ќе може да ги освојуваат ресурсите од оригиналните територии со помош на токени. Кога ќе освои државата токен, нов ресурси ќе биде додаден за соодветниот регион.

Како што и претходно било, чаушот ќе прави избор кој ресурс да го одбере за одреден регион притоа изготвувајќи листа на посакувани ресурси.
Кога ќе се освои ресурсот ќе биде достапен на листа.

Поставување на ресурси

Ретките и многу ретките ресурси за иста индустрија неможе да се распоредат ако нема одредено растојание меѓу нив. Затоа е во функција мапата на ресурси каде може да се види кој ресурс каде е и да се направи тактика за негово освојување.



Во еден регион може да се стават максимум 4 ресурси.

Држава неможе да постави повеќе ресурси од оригинални региони или 4 ако имаат помалце оригинални региони.

Ресурсите кои се достапни ќе бидат видливи во делот Resource Pool.

Токени

Токен се освојува ако државата стигне до 30.000 поени за доманиција. Овие поени се освојуваат со освојување региони или задушување востанија.

Промена на дивизија

Има можност играч да си ја промени дивизија додека трае турнирот, но само додека трае одредена рунда се со цел да и се помогне на државата. Кога играчот ќе пука во друга дивизија ќе има максимален удар кој ќе е ограничен според максималниот удар што го има играч од таа дивизија.

Повеќе информации ќе објавуваат на форумот.

ЕДИТИРАНО

Во брзањето го заборавив ова.

Битеките кои ќе имаат статус Full Scale Battles и ѕидот ќе биде на 49.5% со 50.5% ќе дава дупло престиж поени како да станала епска.

Играчите кои ќе добијат пари од КО, Mercenary медалот, Freedom Fighter и True Patriot ќе плаќаат данок кој ќе се влева во трезорот.

Потребните пари за кревање на револуции се зголемуваат на 1.000.000 денари.

Министер за Информирање

akconel