Како станав ЖРТВА

Day 2,999, 14:32 Published in North Macedonia Romania by poletarec
Би сакал веднаш да прејдам во напад, остро, со висок ѓон и до коска!


ТЕ ПРЕВАРИЛЕ?

ГЛУП СИ.

Зошто?

Во играва постои Маркет или Пазар, опција каде што може да продавате или купувате производи. Со купување/продавање на/од маркет се полни и државната каса преку данокот одреден од конгресот или Диктаторот.
Во поглед на цените на најпотрошуваните производи разликата е горе/долу МАЛА. Посебно ако се земат во предвид цените на најголемите земји кои и произведуваат најмногу.
За прекупците или тенкашите кои трошат троа повеќе од обичниот смртник постои можност да се купи истиот производ преку директна трансакција од профил на профил.
Тука цената варира односно е пониска во зависност од данокот и се движи од 2-5% што значи ПОВТОРНО е мала и не прави голема разлика во поглед на сигурноста.

Но што се случува со одредени ликови кои би ги нарекол АЛЧНИ.
Ќе видат пост каде што ? особа продава производ кој што е 10-15-20% пониска од пазарот или реалната вредност и веднаш рипаат ко прле пред магаре да купат што е можно побргу, притоа не водејќи сметка дека можеби тој лик е Скамер,Лопов,Ајдук и др. А кога ќе видам еден поискусен играч дека пичува повеќе од една статија едноставно ми доаѓа да заплачам (од мака или од смеа незз)
ЉУДИ МОЈИ ПА ДАЛ ЈЕ МОГУЌЕ????

Истото важи и за паковите, ако пак под 10 евра се продава сегде за 65к цц а ТИ ВОЛУ ЛАКОМ видиш шоут кај што некој истиот пак го продава за 50к тоа значи дека ТИ ВОЛУ НЕМА ДА ИСПАДНЕШ МАНГА зошто си се снашол со поефтин пак туку тиедноставно нели, по сите закони на физиката, ќе испаднеш ВОЛ пократок за 50к цц.

Затоа деца, играјте паметно, памет во глава, купувајте од НАШИ играчи кои се добро познати во заедницава и кои секој би можел да гарантира за нив, и се разбира нелиииии, на тој начииииин, ви ќе заштедите нерви и пари, а јас драги моиии, ќе уштедам некој солза повеќе. 😛


Ајт!