Кандидатура за Претседател - Планови и Тим [Северус]

Day 2,994, 10:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Поздрав Македонци,

Понесен од јунаштвото и храброста во последниве денови, гледајки дека сеуште има жар во нашите борби, добив инспирација и желба да се кандидирам за Претседател, по втор пат.

Да бидам искрен, една од поголемите причини за ова беше можниот АС на САД. Гледајки дека тоа моментално е да не речам, невозможно, останува војната со Грците. Ионака добивме што сакавме со Америте.. Сега на ред се јужните.

На кратко да ви претставам мојот план и замисла за месецот што претстои:

Прво, сакам да почнам со една поинаква реторика во е-земјава, па месецов здравје Боже ако бидам избран, за секоја поголема одлука без разлика дали на внатрешен или меѓународен план, ќе биде прашан народот јавно, дали преку анкети, или пораки..

Второ, знам дека отсекогаш сум бил строг на Д4.. затоа сакам строго и сериозно да започнеме со координација на таа дивизија, затоа што според мене е доста закржлавена. Ќе направам кружна порака со Командирите на ПРЦ, МТО, и повеќето Д4 играчи, и без разлика како ќе се договориме, на маса би стоеле следниве опции:

1. Дневен или 4 пати во Неделата (преку ден), или било како и да им одговара на момците, заеднички организиран удар, по можност на ИРЦ

2. Драстично подобрување на координацијата и мобилизацијата со отварање на групни пораки на Вибер (препорачливо). Сите користиме паметни телефони, а на овој начин најбрзо би стигнале до брзи информации за наредби и приоритети, и достапност кога и каде треба да се пука. И што е најважно, ќе има дружење 🙂

3. Организирање на поделби (во зависност од можностите – дискутабилно)

Во ова би ми помагал, ако не и би го водел, УНИШТУВАЧ МКД.

Третопомагање на помалите дивизии. Дечките периодов страшно многу се истрошија, а гледам од Легионерите веќе бараат помош во тенкови барем. План ми е, дали од државни пари, дали од народни поделби, да се соберат средства за поделба на тие единици, затоа што заслужуваат. Еден за сите, сите за еден!

Четврто, Диктатурата. Статија за ова секако ќе пишував, без разлика дали ќе беше вклучена во Кандидатура за Претседател или не.

Сведоци бевме на ако не се лажам првиот обид за насилно Диктаторство, и сведоци сме како тоа висеше на конец. Парите од трезорот отидоа таму, во страшни епски битки, во кои секако имавме помош од сојузниците..

НО, според мене, а се надевам ќе се согласите и вие, време е да си ставиме сами Демократско Диктаторство, како превентивна мерка за спречување вакви слични обиди во иднина.
Најави за тешки војни постојат уште сега, така да ако и Диктаторството е отворена опција, тогаш сме на голем ризик, ризик кој не можеме и не смееме да го прифатиме во моментов..

Повеќе за ова може да прочитате во мојата последна статија: The Aftermath[EN/MK] [Severrus]

Диктаторство сме немале од времето на Сантино (нека ме поправи некој ако грешам), и јасно ми е зошто. Ама од тогаш помина доста време.. а и ќе пазиме кој избираме за Претседател 😉



Тимот сеуште не ми е утврден 100%, така да некои позиции се отворени, и апелирам на тоа, кој сака, може да аплицира во тим:

МзО – светецот , Александер Македон
МНР – јас, со заменици помошници хурото и Фуриоус Лејди
МзИсе надевам акцонел ќе ми ја прифати ете и јавно понудава за неговата златна фотеља 😃 ЕДИТ: акцонел рече ДА!
Гувернер – УНИШТУВАЧ МКД

Повторувам, тимот не е сеуште конечен, и може да подлежи на измени додека трае статијава. Апликанти се прифаќаат 🙂

Ви Благодарам за вниманието, и со среќа на другите кандидати!

Со почит,
Северус Снејп