Леле што направивме [МЗИ]

Day 2,992, 01:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав на сите.

Како што имам практика така и овој мандат нема да изостане извештај за случувањата за мандатот кој привршува.

Дојдовме на крајот на уште еден пеколен мандат како претходниот месец, со единствена разлика што во овој мандат бевме посплотени, конечно видовме некои работи какви се и почнавме да личиме на држава, а не на изгубен случај.

Како си почна мандатот тивко , навидум, барем за момент помислуваш дека следува еден мандат без посериозни случувања, мандат без интензитет. По утрото денот се познава? Хмм не би рекол.

Се почна тивко и почнавме да си фаќаме сеир на офанзивата на Србите кои успешно ги истераа Хрватите од Индија и влегоа во војна со Тајланд. Бркањето на Хрватска од Индија и интензивното губење на региони на Србија кои беа на работ на бидат избришани, па паднаа толку ниско да мораат да добиваат милостиња за конгрес (но тоа е небитно), се ослободи голем простор во Индија кој се решивме да го искористиме и да ја разбиеме монотонијата со една тренинг војна.

Богами ја разбивме монотонијата особено во влада каде живците ни се искинаа при враќање на регионите. Абре не научивме и не научивме да враќаме регион кој што треба тоа чудо некое. Дури и ЦПто беше неколку пати толку дојден до граница да ја прекине тренинг војната заради тотална непослушност и потребата дури и КО да троши Индискиот диктатор за да се ослободи регион.

СРАМОТА НАЧИСТО.

Создавањето на територијален простор го искористи и Индонезија која со успешен АС и претходен договор слета за да обезбеди конгрес.




После претходномесечните циркузи со разбивањето на монотонијата и создавање на вистинска војна повторно се впуштивме во авантура, и тоа не било каква туку БЕЗПОШТЕДНА.

Верувам знаете сите во каква состојба беше Индонезија месеци наназад. После успешно направениот бејби бум беа нападнати од Америка со страшно идиотски изговор: ,,тие направија ББ и сега ние мора да ги нападниме за да им ја уништиме државата, зошто тие бебиња се закана за нашата држава.’’ Какви се идиотски изговори се изначитав овој мандат човек да се чуди со кого ја игра играва и си има работа.

Морам да споменам дека и во претходниот мандат се планираше летање за помош на Индонезија заедно со Чиле кои тогаш беа во отворена војна со УСА, но бевме одбиени од Чиле со известување дека ја затвараат војната и несакаат да се борат повеќе со УСА.

И покрај краткотрајната тогашна војна на Чиле со УСА, за Индо немаше никаква поволност. Затоа се решивме да ставиме крај на маките на Индонезија, а воедно да и покажиме на таа проклета Америка дека како и во РЛ така и овде неможе туку така да си игра со судбините на луѓето и да прави што сака.




Се создаде идеја за заедничка операција на 3те големи сојузници на играва Бугарија, Чиле и Македонија да и помогнат на Индонезија против окупаторот. Започнаа преговори/договори, полнење на авиони и припрема за шоу.

Во тој период се пушти МПП меѓу Бугарија и Чиле кој беше одбиен од Чилеанска страна поради тоа што доколку се потпишеше ќе беа потребни повеќе средства за Чилеанскиот АС. Ова создаде реакции преку шаути кои беа непотребни.

Првично се разговараше за директен воздушен удар на УСА од страна на Бугарија, Чиле и Македонија. Откако повеќето се изјаснија овој план е неприфатлив, не беше повеќе предмет на разгледување. Преговорите продолжија за тоа кој кај да лета беа до одреден степен несватлив. Зошто несватлив? Добивме точно одредени дестинации на Бугарите и Чилеанците и прашањето беше каде ќе одиме ние?
Бугарите ја одбраа Јапонија додека Чиле ја одбра Малезија (несфатливото во операцијава ќе кажам зошто). Уште на почетокот кога на Ирска и истекуваа МППата со Бугарија и Чиле, дадов предлог Македонија да лета таму и од мирна територија да удри. Ова-она дрн-дрн обновија МППа и тоа пропадна. Се контактираа Филипините кои одбија соработка, Куба од која не добивме одговор. Остана да биде Канада пошто немаше друга опција.




Сега да кажам зошто Малезија беше несфатлива опција. Јасно им беше наглаасено на Чилеанците дека нема да има ефект нивното летање во Малезија поради тоа што Индо ќе се ослободи преку востанија и ќе бидат спречени Чилеанците да напредуваат до територијата на УСА. Почнаа да се правдаат дека договориле со Тајланд, ќе летаат таму зашто добиле дозвола дрн дрн јариња, и ќе останат таму во случај УСА во некоја иднина да се врати па да ги истераат. Ма немој? Ќе ги истераат? Машала.

Ајде тоа, им се предложи да ги смениме таргетите т.е. ние да одиме во Малезија, а Чиле во Канада, поради тоа што станавме славни со ,,односите’’ со Канада. Повторно вртење на моабет што за мене искрено беше чисто паламудење без разлика кој сака нека се љути не ме интересира ова е отчет и должем сум да извадам све на виделина. Очигледно Чиле несакаше премногу да се инволвира во војната. Некои би рекле дека не се така јаки како порано. Точно, но потсетете се дека и ние не бевме јаки, ама никогаш не баравме смешни изговори кога се работеше за помош на сојузник и некаква заедничка операција.

На крајот ние испадна да го јадеме стапот заедно со Бугарите, а тие да останат запишани како ,,учесници’’ во операцијата. Замислите каков ефект ќе имаше на пр. Чиле да имаше пат до оригиналните региони.

На крајот се остварија нашите предвидувања. Чиле остана заглавен во Индонезија додека ние се СОТРЕВМЕ од мавање.




Првичното летање во Канада помина како што се очекуваше, тешко. Следната битка, битката за Манитоба беше решавачка. Имено, очигледно неможејќи да го запре нашиот напредок, играчот кој стана добро познат под прекар Бетмен пушти диктатура со која сакаше да ни одвлече штета. Каква битка беше тоа, не верувам дека еРепот во последно време видел таква страотна битка. Колку само пари се фрлија, колку тенкови и барови се потрошија неможе да се доброи.

Иако повеќемина мислат дека немаше шанса да ни стават диктатура, мое лично мислење беше дека доколку победеа во епската битка во Д4 ќе се осоколеа за уште повеќе и појако да напнат.

Д4 ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА НИ ЈА СПАСИ ДРЖАВАТА.

Шала на страна, секоја чест за ЅВЕРОВИТЕ од Д2 и Д3 кои им имаат набиено страшни комплекси на сите земји со кои нашата држава водела жестоки битки. Ова беше најжестоката која нашата држава ја имала во последно време и неможам да најдам зборови за да искажам благодарност на секој кој се бореше храбро и безпоштедно до последен тенк и чоколадо за да ја одбрани нашата демократија.
Исто така неможе да се избегне фактот дека добивме огромна помош од Хрватските тенкови и огромните суми на пари кои ги дадоа за нас во клучните моменти.

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ХРВАТСКА.

Нормално неможе да не ги спомнам Северните кои за рокањето против Македонија во битките со Франција во претходниот мандат и Канада во сегашниот се правдаа дека им се сојузници, не добив одговор на прашањето: ,,За кој сојузник пукаа во диктатурата против Македонија?’’ Секоја чест на исклучоците од нивна страна кои се во мал број.

Толку се паднати ниско што и сопствената држава ќе си ја продадат за некој денар повеќе.




На крајот успеаа да не исфрлат од Канада и да не спречат да го осватриме планираното и да ја нападнеме УСА. И покрај тоа само Бетменот си знае колку милионски суми потроши за да не сопре. Малата Балканска држава со големо срце против огромните суми на пари. Повторно ќе кажам прегорд сум на Ред Фури и Хевен Легион.

Во следните денови и Бугарите да не останат покуси и на нив им се случуваа жестоки битки и потешкотии. Првичниот напад на Американците го одбија, но следуваше страотна битка со воздушниот напад од Латвија кој успеаа на крајот тесно да го срушат. Во тек е напад на Бугарите против Америка во оригиналните региони.




НО, да не биде тоа се и да не е така досадно и во иднина направија Грците кои пуштија НЕ над Бугарите за да им помогнат на братчињата од прекуокеанот, притоа заборавјќи на Турција која ја сметаат за најверен сојузник, а е веќе два месеци избришана од Иран. Веднаш на тој закон Македонија одговори со закон за НЕ против Грција во случај да го изгласаат законот Грците. Го изгласаат законот и ние исто така одговоривме. НЕМА ДА ГИ ОСТАВИМЕ НАШИТЕ БРАЌА САМИ.

Исто така и Унгарија пушти НЕ, но првичното го одбија, а второто добива иста судбина.




Што ќе се случува во иднина неможе да се знае, но јасно е дека Грците ќе залажат што повторно отворија војна на Балканот.

Ете народе тоа е најзначајното што се случуваше во овој пеколен мандат.

Се надевам дека сте задоволни од работата на владата, нашата пожртвуваност и желба да работиме за да го постигнеме најдоброто за нашата држава.

До некое следно читање, останете ми во добро здравје и знајте дека нема предавање.

Министер за Информирање

akconel