Шесто - Последно Претседателско обраќање[Фантом]

Day 2,784, 12:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добровечер еМакедонијо.

Време е да се пише што се работеше месецов, еден краток отчет на мојата работа.

Маесецов започна навистина тешко за мене, иако добив 4 територии од Бојан тие територии брзо ги изгубивме.
А причината беше едноставна, Америка дојде овде со Авионски удар, пари немаме за одбрана а тие фрлија над 5 милиони денари за да останат 10 дена во МКД.

Покрај нивниот АС исто така добивме и Liberation, т.е падна диктатурата од страна на канаѓанецот. Малце му беше тоа што ни ја падна диктатурата па се реши типот да крене нова. Јас секако за овој случај сметав дека најпаметно е Македонија да има заштита, а не да ризикува. Во секој случај направив и референдум да видам какво мислење има народот за оваа работа, Референдумот траше 24 часа, и се изгласа за диктатура.
Од трезорот се извадоја околу 74к цц и собравме од донации околу 150к. рестото од парите ги додаде Матрим за кој сум му многу благодарен.

Тој потроши над милион денари негови лични пари за нас да ни помага, се координиравме но не можевме да добиеме епски битки.

Министерството за Одбрана беше активно секојдневно.
Пробував на секој начин да направам што повеќе да сме активни, преку пораки, преку весник, преку шаут.
Тоа се сите расположливи средства кои играва ги дава.
Тие што ме испочитуваа и пукаја по наредби ви сум благодарен.
Останатите продолжете да фармате барови и чекајте епски 🙂

Министерството за Здравство беше активно се делеше храна на бебињата.
МзИ беше исто активно со 2-3 статии и објаснување за Турнирот.

На дипломатско ниво се работеше стратешки да се добие Грција.
Унгарците дојдоа да ни помогнат преку Арабија со АС над Мексико. Полека почнаа да ги земаат регионите на Арабија, а подоцна и на Египет.
Ne над грција не беше можно бидејќи имаат слични МПП`а и многу региони ќе изгубеа Унгарците.
Во секој случај им сум благодарен.


Ситуацијата во светов особено нашите сојузници кои ги имаме е доста критична.
Шпанија е избришана
Англија и Ирска избришани
Индонезија Избришана
Ние избришани.

Веројатно следниот месец се очекува нови сојузи, а секако нас ни треба dmg.
Работевме месецов со Чиле и Бугарија и тие знаат дека нас ни треба DMG и дека мораме да бараме такво нешто во нашето соседство. Значи Бугарите веќе беа за ова, па подоцна и Чиле се сложија. Целта беше да се добие нови сојузи, а да не се изгуби ништо.

Што понатаму?

Па веројатно мислам дека на сите ни е јасно, дека мораме повеќе да се ангажираме да следиме наредби, и да не пукаме настрана. Ова секогаш мора така да биде кога имаме наша битка. Пукајте првите битки, доколку ги изгубиме првите 4 рунди после тоа рокајте кај сакате, никој не ви брани.
Ако сакате напред да одиме мораме да тргниме од самите нас.
Жално е да се гледа државата посиромашна од нашите играчи.


Македонија мора да почне да потпишува нови МПП`а и да бара dmg, а да ги задржи останатите МПП`а. Таа е целта на која треба да се насочат новите претседатели.

Не можеме со Бугарите сами, немаме доволно воена моќ да ги добиваме битките. Грците имаат страшни МПП`а, и скоро сите сојузници им се слободни, додека нашите окупирани.

Уште еднаш ќе ви се заблагодарам што ме изгласавте, ќе ви посакам да дојдите во Охрид, јавете се пишете ќе се видиме ќе поразговараме, се надевам дека ќе има и некоја собиранка и кај нас, а не само скопје. До тие што ме тролале, што зборувале против мене СВЕ ВИ Е ОПРОСТЕНО. Дадов 5 месеци од мојот Живот за играва за оваа заедница а би дал уште 5 ако бидете сите сложни и следите наредби.


До следната Кандидатура.
Се надевам дека нешто ќе се смени за да се оди напред, а мораме да тргниме од самите нас.

Со почит

Претседател на еМакедонија

ФАНТОМ

о7

================================================
За Шаут
Шесто - Последно Претседателско обраќање[Фантом]
http://www.erepublik.com/en/article/-1344-2535963/1/20