Диктаторство

Day 2,764, 16:55 Published in Chile North Macedonia by Apokaliptic


Потребено ли ни е да поставиме диктатор?

Секако дека добро би било да имаме диктатор, доколку имаме пари за луксузот.
Тоа освен заштита од пуч би ни овозможило и намалување на потребата од конгрес, а со тоа и трудот потребен за да ослободиме територии за истиот.




Сепак прашање е дали можеме тоа да си го дозволиме финансиски.
Мене ми изгледа како да се многу пари за нас 200к цц, тоа дали е до тоа што сум сиромав па така ми се чини, или можеби е до фактот што мораме да ги собираме преку донации.






Канаѓаните.

Канаѓаните ќе ни ставеле диктатор. Имале минимум 750К CC, ќе имале поддршка од американците и јужните, па да сме побрзале ние да ставиме да не не зафркнат.

А да не излезе ние едвај да собереме 200К CC за диктаторство па да имаме 0 за ЦО во битката за поставување, да ни дојдат грци, американци, канаѓани итн. и тоа не само со тенкаши туку и со пари за ЦО и да ни го спречат обидот за поставување.
Па потоа тие да се обидат.

Тоа е прилично веројатна опција земено во предвид дека со денови трубиме дека имаме намера да ставаме диктатор, ПА ДУРИ И ЈАВЕН РЕФЕРЕНДУМ ИМАМЕ?!?

Факторот на изненадување го немаме, тоа сигурно.

Ако се озбилни во намерата да ни стават диктатор досега се имаат спремено за да не ни дозволат нас да ставиме, имаа и време и јавно соопштение за нашата намера.



Кога сме кај времето, доколку имаат намера да ни стават диктатор ШТО ЧЕКАА ДО СЕГА?

Ако им е закана нашиот обид за поставување имаа време да не претекнат, тие имаат пари да го направат тоа во секој момент, ние допрва ќе собираме донации од играчите (facepalm).

Можеби само блефираат, можеби сеуште не можат да се договорат со нивните сојузници, можеби не чекаат ние да едвај ги собереме и профуцкаме парите па после да ни писнат. Незнам.



Плус-минус некои фактори, доколку имаме сила да поставиме диктатор најверојатно имаме сила и да се одбраниме од пуч и vice versa.

Доколку сме во дефанзива:
+ 200К CC - што за наши стандарди по се изгледа не се малку...
- тајминг - тие го бираат времето на започнување на пучот...

Доколку сме во офанзива:
vice versa



Не е пресудно за исходот кој ќе го пушти обидот за диктаторство, туку кој е поорганизиран да ја добие битката.



„Пушти си ги нозете докај што ти е чергата“ - Народна подоворка.


Пријатен ден.