Една љубовна

Day 2,628, 09:43 Published in North Macedonia Chile by boshe123


У последно време сум како да Ви кажам,благо потресен..Полагање,стресови па работа а таа ја нема и патот ме води во стариот дел на градски парк..Се сеќавате ли на тој мирис таму во пролет мм мераци.Па тука мозе да се земе и пирошка од кај тете кај луна паркот и денот исполнет.Така беше порано не сум бил преку лето таму многу од дамна.
И така седнувам на клупа и го пуштам мозокот на пасење и мислите на летање загледан негде во крошните на дрвата и облаците и ми текнува сум седнал на клупата каде што прв пат имам некоја бакнато во паркот.Некои работи не се забораваат.
Се сеќавам прва година средно,јас мангуп со косичката како тенџере и запознав една девојка многу симпатична на една журка недела порано.Тогаш се немаше ФБ,а девојката не беше од Скопје па се договараме да излеземе прек мсн за една недела.уф ме утепа трема како никогаш да не сум бил со девојка ама многу се ложев хаха.И така се договараме излегуваме а надвор 40 степени топло негде во август и пари тогаш се даваа колку да се има а не за да се курчиш и се договараме идеме во парк.Сонце ме уби се шетаме,зезанции и тука пред портите на луна парк мене брука почна крв да ми тече од носот ама многу хаха.Носев бела блуза и целата ми се направи од крв што од срам што од топлото.Наместо она да прокрвави ,прокрвавив јас хаха.И ми даде марамче и ме седедна на таа клупа и ме легна така да мојата глава е меѓу нејзиното меѓуножје и погледот по градите..Колку ми беше убаво и до ден денес се ежам на такви моменти.Ми помина.што ми помина и си продолживме со моабетот(не се плескавме одма тогаш) и тек при крајот ја прашав дали би сакала нешто да има со мене,јбг се изгубив тогаш ииии прифати.Јас пресреќен со насмевка од уво до уво,курето кренато и полно срце.Ја испратив после до интернатот каде што беше како прав џентлмен.Се видовме уште неколку пати а таа отиде во земјата на лалињата.
После некое време го изгубивме и контактот.Иако имаме сите Фб и се гледа кој што и каде е,се прашувам дали луѓето се сеќаваат на свите моменти со другите што поминале и немојте тие прикаски не било пишано па бла бла бла зашто да се сеќаваш.
Имам сега девојка ама понекогаш се прашувам што прават сите девојки со кои сум бил,пред кој сум излегол кретен ама сум излегол и фраер..

Ме мрзеше да пишувам на долго,ама ако ви се допаѓа ќе напишам и подолги прикаски мои.
Ве молам за коментар и воте