Специјални потреби [МЗИ]

Day 2,586, 08:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Статијата ќе биде потполно во врска за една од двете промени кои Плато ги воведе денес затоа статијата носи таков наслов, зошто се некакви ,,специјални’’ глупости дава.

1. Специјални зимски изненадувања 2014

Зимата пристигна во новиот свет. Почнувајќи од денот 2.586 па се до крајот на денот 2.596, следните зимски изненадувања ви стојат на располагање:

1. Зимски чоколади – Имате можност да добиете едно зимско чоколатце со поразување на 25 непријатели
- Едно зимско чоколадо надополнува 50 енергија

- Зимските чоколади се добиваат со поразување на ледениот џин, кој се појавува после секое 25то убиство. Зимските чоколади може да се собираат од Weekly Challenge лентата со награди. По собирањето ќе ви се појават во складот

- Зимските чоколади мора да бидат искористени до крајот на денот 2.603

2. Празнични бомби – Имате можност да добиете една празнична бомба со поразување на 250 непријатели.

Овие бомби прават одредена штета која е поделена по дивизии:

- 200.000 штета за Дивизија 1
- 750.000 штета за Дивизија 2
- 1.500.000 штета за Дивизија 3
- 3.250.000 штета за Дивизија 4

- Празничните бомби мора да се искористат после 10 дена од моментот од кога се добиени. Ако добиете нова бомба, претходните што ви биле во склад ќе ви се продолжат за нови 10 дена.

3. Sugar Rush (не ми текнува соодветен поим) – Имате можност да добиете поголемо надополнување на енергијата според вашата активност од претходниот ден

Ако надополните 75% или повеќе од вашиот максимален број на енергетско надополнување, ќе имате +10 енергија за надополнување за следниот ден.

Овој бонус можете да го одржувате. Откако ќе добиете поголемо енергетско надополнување, потребата од 75% останува иста, но бројот на енергија кој треба да се надополни со секој нов ден ќе расте, паралелно со бројот на енергетското надополнување.

Пример 1

Во Понеделник, играчот А има надополнување по 10 енергија на 6 минути, кој за 24 часа изнесува 2400 енергија. За да го освојат таргетот од 75%, играчот треба да надополнил минимум 1800 енергија (0.75*2400).

Во текот на денот Понеделник, играчот А надополни 1900 поени и го достигнува таргетот. Во Вторник, после стартот на новиот ден, неговата енергетско надополнување ќе се зголеми на 20 енергија за 6 минути, што придонесува да полни 4800 енергија за 24 часа. За да освои таргет од 75%, тој треба да надополни најмалце 3600 енергија (0.75*4800).

Во Среда играчот А е зафатен и успева да надополни само 3000 енергија. Ова значи дека тој не успеал да го достигне таргетот од 75% и енергетското надополнување кое го имал во Вторникот паѓа на 10 енергија за 6 минути. За да добива пак 20 енергија на 6 минути, играчот треба да освои најмалце 1800 поени во текот на денот Четврток.

Пример 2

Играчот Б има Power Pack и полни 30 енергија на 6 минути. За да освои таргет од 75%, тој треба да надополни 7200 енергија во текот на денот. Играчот Б троши голем број на чоколади за да го достигне овој таргет, и надополнува 8000 енергија. Ова ќе значи дека тој ќе има надополнување од 40 енергија на 6 минути зошто го достигнал таргетот. Таргетот се зголемува и тој треба да надополни 9600 енергија во текот на денот.

Имајте на ум дека:

- Можете да го видите вашиот прогрес на копчето каде што ја дополнувате енергијата

- Обичните и зимските чоколади се бројат во процесот

- Прогресот се проверува секогаш после промената на денот. Ако вашето енергетско надополнување се промени во текот на денот, таргетот се пресметува наново и вашиот прогрес се менува соодветно

- Првиот ден кога почна овој прогрес да се рачуна е вчерашниот, денот 2.585, и првиот ден на кој можете да имате поголем број на надополнување на енергијата е денот 2.586

Во оваа статија толку. Во наредната ќе биде објаснето за втората промена во играта т.е. новиот ранг наречен Легенда.

Министер за Информирање

akconel

Заменик Министер

Toni Lj Cvetskoski1