Љубов - Таша.МКД

Day 2,510, 07:09 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria


http://www.youtube.com/watch?v=TQawOz9pZ0w

Чудно беше после толку време да си отвориш делче од себе, кога долго време со сила си се затварала и со сила си бришела убави спомени. Чудно беше да испиеш кафе со некој кој ти го пие погледот и те тера да се насмееш од некое скокотливо чувство во стомакот.
Како да не знаев како да го погледнам во очи без да си ги издадам чувствата. Чувствував дека знаеше за секоја мисла што ми прелетуваше таа вечер и се срамев и да помислам дека одамна помислував на него. Се чувствував како да ми го слушаше срцето колку силно ми лупаше. Ми ѕвонеше во главата, ушите ми гореа и ме болеа образите од константната насмевка. Погледнував те во него, те во земја, како да се криев од симпатијата. Како да никогаш никој не ме допрел за рака, како никогаш да не сум била бакната, како никогаш да не сум била заљубена.
Го заборавав кафето, заборавав на се` околу нас. Кафето се ладеше, ама се` наоколку стануваше топло, спарно. Како раката во штекер да ја бев брцнала кога посегна по мене и ме бакна. Ме изгореа убавини некаде во стомакот. Ме пресекоа колената.
Не беше страшно, ама беше чудно и прекрасно во исто време. Беше чудно пак да се навикнувам дека повторно имам причина за да бидам насмеана.