[Водич за новите играчи] За тренинг центрите...

Day 2,497, 18:56 Published in North Macedonia North Macedonia by NomadMKD

Може да прочитате:

-Тренинг центри: Зошто да ги надоградувате?
-Зошто е добро да се чека промоција за центрите?
-Која е исплатливоста?



Ќе зборуваме за бенефитите од надоградување на тренинг центрите.

Веќе две години откако админите додадоа квалитети (Q1, Q2, Q3, Q4), слично како кај компаниите.
Тоа значи дека за одредена сума на голд, можете да ги надоградите своите тренинг центри и во исто време ќе добивате повеќе сила.

За почеток да ги разгледаме тренинг центрите:
-Training Grounds: секојпат кога го користите: добивате 5 сила и не кошта ништо.
-Climbing Center: секојпат кога го користите: добивате 2.5 сила но ќе ве кошта 0.19 голд.
-Shooting Range: секојпат кога го користите: добивате 5 сила но ќе ве кошта 0.89 голд.
-Special Forces Center: секојпат кога го користите: добивате 10 сила но ќе ве кошта 1.79 голд.

Еве и табела од тренинг центрите и сила која ја добивате на различни квалитети:



Сега како што веќе реков за да ги надоградите своите центри потребно ви е голд но од време на време админите пуштаат промоција (должината е 72 или 96 часа) каде сумата за надоградување на центрите е 45% помала.


Фамозната промоција доаѓа на отприлика секои 6 недели.

Сега да ги разгледаме тебелите за да ја разграничиме сумата потребна за надоградување на центрите без и со промоција.

Нормална цена


Цена за време на промоцијата


Сега ќе се запрашате: Зошто да ги надоградувам центрите кога знам дека никогаш нема да успеам да ги стигнам големите тенкови.

Одговорот е многу прост: За да добивате повеќе и побрзо голд.

Со следниов случај ќе ви биде појасно:


Q1 бесплатен центар

Со Q1, добивате 5 сила од ден (просечно е 6.8 сила преку 5 дена бонус => добивате 9 сила за 5 дена). Тоа значи дека ви се потребни 50 дена да добиете Super Soldier медал (36.77 дена со бонусот).

Месечен приход = помеѓу 3 и 4.08 голд за 30 дена


Q2 бесплатен центар

Ќе добивате 10 сила од ден (просечно е 11.8 сила преку 5 дена бонус). Сега ќе ви се потребни меѓу 21.19 и 25 дена да добиете 5 голд.

Месечен приход = помеѓу 6 и 7.08 голд за 30 дена

Како и секоја инвестиција на почеток ќе игубите пари но по некое време ќе си ги повратите.

Сега да видиме што ќе се случи за нешто повеќе од 100 дена:

Без никакви надоградби, на ден 111, ќе го добиете третиот Super Soldier медал (15 голд).
Со надградба на Q2 од Q1 (за време на промоцијата), на ден 106 ќе го добиете петтиот Super Soldier медал (25 голд)

Тоа значи дека повеќе од 3 месеци, ја имате својата инвестиција назад.

За оние кои не сакаат долги статии:

-Чувајте го својот голд
-Чекајте промоција за тренинг центри
-Надоградете ги цeнтрите кои ги користите
-Тренирајте и качувајте сила
-После 3 месеци ја имате својата инвестиција назад

Во наредна статија ќе пишувам кога и зошто да купувате тренинг договори.