Тенисерката...

Day 2,495, 17:06 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

По долга апстиненција еве ме пак у јавност.
И опет...

Си се шеткам така безвезно низ парк и си разгледувам убави женски газиња онака без никаква обврска. Насмеан до уши, што би кажале некои други окезен од 6 до 6 али без кариес, проаѓам низ тениското игралиште и оп се заѕверив у еден ептен добро опремен женски долен образ. Застанав демек следам некаков натпревар и мудро манијачам и чекам да се заврти сопственичката на истиот. Се слушаа ептен јаки звуци, кои ме потсеќаа на едни ратни филмови што секоја вечер ги даваат на возраснине канали, а тоа кај мене предизвикуваа узбуџење у долната половина. Перверзии...
Едно време ми ѕвони телефонот и ме враќа у реалност. Ми се јави еден другар за да сме се договореле за вечерта да сме излегле негде. Му викам брат у гужва сум ќе те барам за 15 мин, не за друго туку да си го напрам филмот ептен добар за вечерта (сабајлето) да можам на раат да си спијам. И после неколку минути едвај ги одтргнав очиве од сочната праска (да се разбереме не онаква праска со вуна, туку од оние голине убави) и тргнувам накај дома. Уз пут договарам со другариве што и како за вечер, стигам дома и мавам една под туш и почињам да се спремам за вечерта. Излегуеме у една позната такозвана дискотека у близина на истото игралиште (да не праам реклама оти менаџерите неќеа да частат неколку пијачки за истата), се сместуеме у најблиското сепаре што е поблизу до бендот што свири таа вечер и чекаме да дојде некој да не услужи. За брзо време дојде една девојка и не испраша сите ко у школо да сме што кој и како демек за 5-ка одговараме. Овие пајташиве алкохоличари невидени само некакви ракии пијат и само еден пиво, а ја ко детенце некое сечено коњаче поучен од предходните неколку излегувања. Се завртуе келнеркава назад и што да видам...? Абе нешто тука познато ми е... Абе оваа позадина како да сум ја видел негде. Доаѓа девојкава најбрзо што може и носи тоа еликсирите и ги реди пред нас. Мене ми текна дека истата таа праска ја видов попладнето у кратко парталче и збунето и се обраќам: Извини девојко прееска да не играше тенис онаму од карши? Она се насмеа и ми потврѓуе со главата. Ми става сеченото коњаче пред мене и ми вели повели, а јас одма стануем фраер и и викам извини али тоа не е за мене туку за другаров до мене (демек он пие пиво и сечен коњак) и ја замолив да ми донесе чист без лед и тоа дупли. Абе мужиште пи*ка му матер... И така поминаа неколку тури, бендот си свиреше ко по мерка и едно време ми погаѓаат една рок-балада, абе мислиш ме распара. Одма стануем и порачуем уште по една тура од мене за сите па и за девојката. Она носи ми се заблагодарува за пијачката, а ја ко некое шмекериште и викам оваа е моја песна... 2-3 Пати сум ја чул али сум ја запамтил, а тоа дека била моја само онака... Девојкава ми вика па оваа е и моја омилена. Е тука почнав да искрам. Се попалив, абе мислев изгорев. Малку поднапиен (добро де ај да не лажам, малку повеќе), решив да си ја пробам среќата. Отидов докај неа и ја прашав дали може да ми даде нејзин тел. за да се видиме некад па може и на часови по тенис да се пријавам. На мое изненадување типкава ми даде бројче но исто ми рече дека ако сакам можам вечерта да ја почекам да заврши со работа па и да сме шетнеле низ паркот. Моментално потврѓуем и одам кај друштвово да им кажам дека вечерта нема да си одам дома ко демек ќе одам кај братучеда ми што живее тука у близина. Заврши свирката, друштвово си замина, а јас ќор пијан, чекам ко теле надвор од локалот да дојде чупево за да ме шета. По 30мин ете се појави и мене ме огреа сонце... Шетавме што шетавме (она ме водеше оти мојата состојба не беше баш најсјајна за на нозе) и едно време она ми вика ако сакаш дојди докај мене не сум сама али ќе поседиме малку. И да сакав да одбијам не бев у можност па морав да прифатам. Отидовме у нејзиното сопче и што да видам таму...? Цело собче полно со некакви трофеи. Си направивме некакви безвезни муабети и почнаа едно време искри да летаат на сите страни. Она се расоблече а ја да не останам покус пред неа веќе бев спремен. Почна да води некаква предигра, за мене непозната. Едно време зема еден рекет и ко ме рашлапа по гз абе 100% ми се познаваа решетки на истиот. Мислиш кафез сум истетовирал. Ај еднаш, двапати али оваа братче како на натпревар и то со сета сила, а башка натпреваров многу долг ми се виде како да нема поен 10 минути. Морав да го земам то тенисот и да го џитосам негде и да ја превземам иницијативата. Почнавме со размена на телесни течности до моментот кога еруптирав. Целиот изморен од натпреварот се свртев на другата страна и сум заспал ко вол. Сабајлето ме буди некој глас и кога отварам очиве ја гледам убавицава. Целата испаничена бара нешто низ собата, а ја зачуден ја прашувам што бара. У тој моменат се врти накај мене и ми вика дека и фали еден пехар и сет топчиња. Ја се поткревам целиот мамурен и полека со некаква болка од половина и се развртуем по собата за да разгледам малку. Осеќам некакво боцкање и одма рипам од креветот. Кога што да видам... под чаршафот пехар шилест на врвот а надоле се подебел и подебел. Подолу од него цел сет топчиња растурени. Она го здогледуе сето тоа и ми вика Фиљо срце си, фала што ги најде јас цело утро неможев да ги најдам. У мене си реков па добро бе маме му е*ам до кога ќе ме злоупотребуваат со некакви реквизити? Ах бе Фиљо стоко една така ти е. Е сега оди ко шатка кога не пазиш... Цурава ме залапа и ме одведе у кујна за да ми спремела доручек. Седнав на масата и ми носи леб, паштетче и варени јајца... У тој момент стануем и набрзина собирам алиштата и и викам фала многу срце али доста ми е за еден ден трофеи и топчиња па на крајот и јајца. Она се натажи, а ја ко увек добра душа ја тешам... Извини не е до тебе туку до мене е. Не јадам јајца оти ми прават проблеми, а башка и мора да одам ме чекаат дома. Се разделивме и од тогаш цурата ја имам видено само неколку пати поминуваќи низ парк и гледајќи ја како тренира, а у таа дискотека повеќе не влегов 🙁.
Наравучение: Никад, али никад да не пиеш пиво и сечен коњак оти може после лошо да ти биде. Од кај знам другаров како си поминал вечерта? Башка има и повеќе скриени наравученија во кои самите ќе се препознаете 😃
До следното видување
ПоздраФ! НајздраФ!
Ефиљо други.
Пи.Ес. Статијава не ми е за 25 коментари пошто таа мисија не ми е ни отворена, па така да немора да коментирате безвезе туку дај кажете дали некој друг имал искуство да пие дупли коњак без мраз.