НИВНА ХРАБРОСТ НАША СЛОБОДА 120години В.М.Р.О ! ! !

Day 2,163, 17:15 Published in North Macedonia North Macedonia by MACEDONP4

21 октомври 1893 тројца млади и учени Македонци разговараат за тешката положба на Македонија и за нејзино ослободување при што се договараат да осноиваат револуционерна организација во чие основање ќе вклучат уште тројца храбри Македонци.
По два дена на 23 ОКТОМВРИ шестмината (Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров) ќе ги постават темелите, начелата на организацијата која ќе ја води македонската борба за автономија Македонија. Подоцна на организацијата и се приклучува и еден од нејзините апостоли Гоце Делчев кој станува најголемиот македонски револуционер. Организацијата која после востанието доживува пад ќе биде возобновена од Тодор Александров и ќе биде и наречена Автономистичка, односно со цел автономија на Македонија.
А кај македонскиот народ важеа законите на Подземната Република на ВМРО која беше држава во држава.
Организацијата низ нејзиното постоење го крена и организира народот, ги казнуваше предавниците, го организираше отпорот против османлиската власт, го организираше Илинденското востание, го остави во живот македонското прашање и беше основа за НОБ и подоцнежните организации кои и после Втората Светска Војна бараа независна држава.
Темелите на таа борба почнаа со Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.
Сонот за слобода на сите кои оставија траги низ македонската борба, ние денеска го живееме.
Честит празник македонски народе, вечна нека е борбата за Македонија и слава им на сите кои ги дадоа животите за слобода на оваа земја.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА ! ! !