Најдобри 10 вицови на светот [cobe 92]

Day 1,978, 17:03 Published in North Macedonia North Macedonia by cobe 92

10 место – Канада
Еден маж му раскажува на пријателот: „Жена ми веќе три недели е на диета“. Пријателот го прашува: „И? Колку изгуби?“. „Две недели“, одговорил мажот.

9 место – Романија
Полицијата после брза потера успева да го застане Влад. „Веќе долго време не сум се забавувал вака добро“ рекол полицаецот и додал: „Ќе ве пуштиме само ако имате добар изговор.“ На тоа Влад му одговорил „Жена ми ме остави пред три недели заради полицаец. Кога го здогледав вашиот автомобил се преплашив дека ќе ми ја вратите пак назад.“

8 место – Холандија
Старлета за време на долг лет седи покрај адвокат. Сака да заспие, но адвокатот не ја остава на мира. „Можеме да си играме игра со прашања од општа култура. За секој мој погрешен одговор ќе ви дадам $50 долари. Ако вие одговорите грешно вие ми плаќате $5 долари“ и предложил адвокатот. Старлетата нема ништо против па адвокатот и го поставил првото прашање: Колку е оддалечена Земјата од Месечината? Старлетата му дава 5 долари и му поставува прашање. Што е тоа: Се качува по брдо на три нозе, а се спушта на четири? Адвокатот појма нема, листа енциклопедија, пребарува на интернет. Неколку часа подоцна и дава $50 долари на старлетата и прашува: И? Што е одговорот?
Таа му дала уште $5 долари и легнала да спие.

7 место – Индија
Доаѓа бизнисмен кај својот пријател кинез во болница. "Chin yu yan, chin yu yan ..." и шепнал пациентот на медицинската сестра. Бизнисменот сакал да му помогне, но и тој не знае кинески. "Chin yu yan, chin yu yan..." повторил кинезот и умрел. Бизнисменот неколку месеци подоцна на службен пат во Шангај го открива значењето на реченицата "Chin yu yan, chin yu yan..." – Ми го газите цревото за кислород!

6 место – Аргентина
Брачен пар влегува во фаст фуд ресторан и нарачува еден хамбургер и порција помфрит. Возач на камион со жал го гледал парот како дели оброк и посакал на жената да и купи уште нешто за јадење. „Не благодарам“, одбил сопругот и објаснил дека се си дели со жена си. По некоја минута возачот повторно и понудил на жената да и купи нешто за јадење затоа што таа не зела ниту едно залче. Сопругот повторно го одбил со зборовите „Ние сè си делиме“. „А добро зошто тогаш вие ништо не јадете“ – ја прашал возачот жената. „Чекам да ми ја даде вилицата“ – одговорила жената нервозно.

5 место – САД
Католички свештеник, протестантски пастор и еврејски рабин сакале да откријат кој од нив е најдобар во она што го работи. Одат во шумата среќаваат еден мечок и се обидуваат да го преобратат па повторно се собрале на едно место. Свештеникот вели: На мечокот му читав Катекизам и го благословив со света вода. За една недела ќе има прва причеста. Пасторот: Го пронајдов мечокот кај реката. Му проповедав Божји зборови. Беше фасциниран и се согласи да го крштевам. Рабинот за тоа време лежел во кревет со телото во гипс: Ми се чини дека сепак не требаше да почнам со обрежување.

4 место – Мексико
Индијанците дошле кај поглаварот и го прашуваат дали ги чека студена зима. Пошто поглаварот никогаш не ја научил тајната на умешноста на своите претходници, им наредил на поданиците да соберат дрва за оган и да се јават во метеоролошката служба за да се распрашаат за студот. „Ќе биде многу ладно“, му одговорил метеорологот. Поглаварот се вратил кај поданиците и им наредил да соберат уште дрва. Една недела подоцна се јавува кај метеорологот и прашува: „Дали сте сигурни дека зимата ќе биде толку многу студена?“ „Да, пред нас е најстудената зима во историјата“, потврдил метеорологот. „А, како знаете?“ – прашал поглаварот. „Па ги гледаме индијанцине како луди собираат купишта дрва“, одговара метеорологот.

3 место – Русија
Важно соопштение: Заради рецесија се гаси светлото на крајот од тунелот. Потпис: Бог.

2 место – Финска
Ханс и сопругата се решиле да слават 30 години брак во истиот хотел каде биле на меден месец. Сакал сè да биде совршено па во хотелот отишол еден ден порано за да подготви сè. Вечерта и пратил e-mail на жена му, но внел погрешна адреса и пораката несвесно ја пратил кај вдовицата на починатиот пастор. Синот на вдовицата следното утро ја наоѓа мајка си во несвест пред компјутерот и го чита писмото: „Најдрага жено, само што стигнав. Сè е подготвено за твоето доаѓање утре. Се надевам дека ќе имаш пријатен пат. П.С. Овде е многу жешко.“

1 место – Шведска
Жител на Стокхолм отишол на село за да лови патки. Здогледал една патка и пукнал, но птицата паднала на имотот на некој локален селанец кој не сакал да му го даде пленот. „Тоа е моја птица“, му рекол ловецот. Селанецот предложил да се тепаат, како што е вообичаено на село: „Птицата ќе ја добие оној кој помалку ќе вика од болка“. Ловецот се согласил, примил еден удар во стомакот, паднал на земја и останал да лежи 20 минути. Потоа станал и рекол: „Ок, сега јас сум на ред.“
„Ма не бре, земи си ја патката и бегај во градот“ – му одговорил селанецот.

Ако може Vote + Sub