ДДВ и данок на плата - 10%

Day 1,783, 08:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Pejoski WarMaster

Почитувани, како претседател на конгрес се почуствував должен да напишам едно објаснување во однос на денешните пуштени закони (за ддв и данок на плата).
Имено, на сите ни е позната лошата моментална финансиска состојба во која се наоѓа државата, а пред нас следат доста важни битки. Се со цел да одговориме на овие битки преку повеќекратни поделби на оружје, потребен е поголем прилив на средства во државната каса, а тоа би го направиле единствено со пораст на даноците. Затоа во одлична координација со сите конгресмени пуштивме пораст на даноците до 10%, и истите се на добар пат да се изгласаат.

Како забелешка би го навел и фактот што како држава ги имаме едни од најниските даноци на еРепаблик.

Знам дека многу од играчите ќе посегнат кон евазија (избегнување) на даноците, преку т.н. сива економија (купување преку донации), но би ве замолил во овој тежок период да не го правите тоа, и да дадете мал придонес за еМакедонија преку купување продукти директно од маркет.

Претседател на конгрес на еМакедонија
*****Slave warmaster*****