[МНР Македонија] Завршно обраќање

Day 2,481, 10:41 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав Македонци,

дојде време и за последното обраќање овој месец.. Месецов беше прилично интересен, и се надевам без разлика на исходот, се забавувавте

Најпрво да речам дека планот за Воздушниот Напад беше изгласан и одобрен уште пред овој мандат, т.е. пред сегашниот Претседател да биде избран. Планот беше одличен, но поради луѓе кои своите лични желби ги ставаат пред оние на сојузот, исто така и ненамерни грешки, а и извлекување на информации од штабот на Аурора, доведоа до тоа да Чиле нападне прерано, а Кина да не дочека спремни. Сепак, и со падот на Чиле, сеуште имаше позитивна атмосфера, дека беше договорено ние заедно со Бугарија и Хрватска да продолжиме со планот, но сепак, Кинезите фармаат 5 години
Ваква акција не направил никој сојуз во последно време, и јас сум навистина горд на Аурора што иако не е најјака од сојузите, сепак покажува волја за борба, и без страв јуриши кон нови предизвици!





Е сега, откако заврши турнејата во Индија, имавме малку мир во Австралија, и спремав НАП со нив за евентуалниот престој во Индија, или барање нови ресурси. Сепак, кога Аргентина се одлучи да нападне, се виде нивното лице, и целата нивна влада шаутираше да се мава против нас, и преговорите за НАП беа веднаш откажани во координација со Чиле и Индонезија.
Битката со Аргентина во меѓувреме, мора да се согласите, беше една од најинтересните што сме ги имале во последно време.

Дозволете ми да ви се заблагодарам од се срце на сите што дониравте во Македонската Армија за ставање на ЦО, беа собрани околу 70 илјади денари ако не се лажам.
Таква сплотеност и желба за борба не сум видел одамна кај нас. Се боревме како едно, и навистина сум горд што бев на оваа страна од военото поле таа ноќ, а верувам и сите наши сојузници.
Морам да споменам дека низ целиот овој период многу ни се подобрија односите со Полска, и имаме одлични комуникации со нив и Сириус.

Цела ноќ со Фантом МКД стававме ЦО и топевме голд, прибиравме донации, и сабајле во 7 кога напуштивме, битката ја оставивме 33-11 за нас. Подоцна друга беше ситуацијата, Аргентинците непрекинато имаа ЦО, и истрошија прилично исто толку колку што Кина истроши за Чиле.





Непријателот покажа вистинска борба и почит, на Аргентинските ИРЦ канали наидов на навистина позитивна атмосфера, и ми заблагодаруваа за одличната војна!
Како и да е, исходот е таков каков што е, како што реков нема за што да жалиме, сега барем ќе можеме главен фокус да ставиме на оригиналните територии, исто како и нашиот сојуз. Ништо не е готово, борбата штотуку започнува!


Пиреј е троскотна трева,
а некои ја викаат и Коштрева. Ама
ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја,
таа пак не умира. Само малку да се допре
до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи,
ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!


- Петре М. Андреевски -






Со почит,
Северус Снејп
МНР Македонија