Со причина... Таша.МКД

Day 2,476, 11:32 Published in Turkey Nigeria by Princess of Nigeria




Со причина


Длабоко во ноќта, кога градот спиеше во глувата тишина, под слабото светло кое влегуваше низ прозорецот во нејзината соба, таа размислуваше за него. Размислуваше за начинот на кој тој толку неочекувано се појави во нејзиниот живот. Размислуваше за нивниот прв разговор, за првата средба, за првиот допир. Се прашуваше зошто го запозна баш него и баш тогаш кога многу работи веќе однапред беа познати. Од првиот момент знаеше дека тој не е само уште еден случаен минувач во нејзиниот живот. Многу брзо се навикна на неговиот глас, на сите оние луди муабети кои правеа да се смее и кога се чувствуваше лошо, се навикна на неговото присуство во нејзиниот живот. Тој беше единствениот кој успеа да ја симне маската од нејзиното лице и да допре до најскриените делови од нејзината душа. Со секој поминат ден таа чувствуваше дека се повеќе му припаѓа и се плашеше од тоа.. Го познаваше, а не смееше да го познава, чувствуваше нешто за него, а не смееше да чувствува. Од почетокот знаеше дека нивните животни патишта се вкрстија само за момент, момент кој ќе смени се. Да, го знаеше тоа и знаеше дека утре кога ќе го нема во нејзинот живот ќе и недостига, но одлучи да му се препушти на животот и да ужива во секој момент. Сепак ништо не е случајно и се си има причина...