НЕКОЈ ДРУГ ТЕКСТ ЗА ИГРАВА

Day 2,472, 16:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Dr.Stefan

Се работи за онлајн игра која што ви овозможува со регистрација да се поврзете со илјадници други вистински играчи од различни земји. Почнувате така што си барате работа, се вработувате, и треба да работите секој ден. Играта на граѓаните им овозможува да се вклучат во локални или национални политички партии, економија, војни со соседите, помагање на сојузниците и друго. Во оваа игра можете да бидете успешен бизнисмен, да бидете успешен новинар, да бидете претседател , да бидете конгресмен, да освoјувате многу медали, да се зачлените во паравоена/воена единица и др. Освен индивидуалната цел, граѓаните помагаат во зајакнувањето на нивната земја со разни освојувања и зајакнување на економијата.

Играта има голема популарност во светот, со околу 200 000 регистрирани профили.