ТМОРО-ВЕП Неделни турнири

Day 2,461, 06:42 Published in Chile Nigeria by efiljo II

Добар ден на сите.
Еве гледам како губи Манчестер и ми дојде нагон на се*ка па решив да напишам една квалитетна статија.
Имено ТМОРО- ВЕП почнува со организирање на неделни натпревари во пишуење статии.
Почнувајќи од овој понеделник па натака, а се надевам и у иднина секоја недела ќе се одржуваат тие натпревари.
На овие натпревари право на учество имаат сите еГраѓани, а правилата се следни:
1. Секоја недела ќе биде кажана темата на статиите што треба да се пишуваат. Значи секоја недела стилот ќе биде различен за да биде поинтересно.
2. Сите што мислат да напишат статија истата треба да биде напишана на Македонски јазик и со Кирилично писмо. Сите дијалекти у Македонија доаѓаат у обзир и поубаво би било да има статии напишани со разни дијалекти и жаргони.
3. Право на учество имаат сите што знаат Македонски ( а тоа е цел свет), без разлика какво ЦС поседуваат. Нема врска политичка, верска или било каква друга ориентираност за тие што сакаат да се натпреваруваат.
4. Статиите треба да бидат оригинални и да нема препишување оти ќе ги фатам понављачите и ќе ги бутнам уш една година.
5. Сите што сакаат нивните статии да конкурираат за една од 3те награди, треба да ги испрата т.е. пишат во коментар во дадениот неделен натпревар со објавената тема.
6. Поради закани од бришење на вашите статии поради вулгарности, расизам, криминал и слични ебиветер работи, би ве замолиле истите да ги напишете покрај вашот весник и во гугл документ доколку сте у можност.
7. Оценувањето ќе се врши преку стручна жири комисија на чело со Јас (за 5 алтани чуда правам за 1во место).
Тоа се правилата, а сега за наградите.
За сега имаме само 3 награди и тоа за првите 3 места.
1 место 100 ку7 тенкови (неувезени)
2 место 60 ку7 тенкови (репарирани)
3 место 40 ку7 тенкови (со сомнително потекло)
Се надевам дека у иднина наградите ќе бидат се поголеми и поголеми.
Темата за овонеделниот турнир е да се напише статија со комична содржина (мемоари, дешавки, фалби и слични текстови со смешна содржина).
Почнуваме од овој понеделник па се до наредниот.
Ве замолуваме како што е нагласено да се придржувате кон правилата и дајте да си ја направиме оваа шит игра поинтересна.
Здрав, поздрав и најздрав до следната статија.
\o/