Правилата на Плато за кои треба да знаете

Day 2,366, 17:03 Published in Chile North Macedonia by Apokaliptic


Со самото креирање на еРепаблик профил, вие веќе се имате согласено на правилата на Плато. Од 14 Мај 2014 година почнува да важи новиот правилник на Плато.

- Privacy Policy
- Terms of Service



Знам дека некои не знаат голем дел од правилата, а и нема да се мачат да прочитаат, па се решив во оваа статија да ве информирам со кратко објаснување на некои од правилата кои верувам дека би ве интересирало да ги знаете.



Право на приватност

Непостоечко. Плато има право на пристап до СЕ, вклучувајќи ги и „приватните“ пораки.
Ако си праќате приватни фотографии може и да му ги нарасите очите 😃.





Креирање на профили

Секој поединец има право легално да креира само еден еРепаблик профил.
Нелегално може колку сака, но доколку биде фатен сите профили ќе му бидат трајно банирани 😃.





Управување на профили

Забрането е какво било управување со туѓ профил.
Внимавајте доколку се вклучувате на профилот од други IP адреси, тоа може да биде сметано за управување на туѓ профили (прекршување на правилата) особено ако од IP адресата од која сте се вклучиле се имаат вклучувано и други.





Контакт со Плато

Доколку имате некакви прашања, поплаки и слично, можете да напишете тикет до Плато на овој линк .





Промена на сопственост на профилот

Забрането е какво било продавање или подарување на профилот.
Каква било размена на профили е на ризик на учесниците на размената, доколку Плато дознае за тоа може да го банира профилот.
Доколку се решите на оваков чекор, советувана ви е што е можно поголема дискреција што значи дека не е најдобра идеја да се договара за таквата размена по шаути.





Бришење на профилот и прекинување на услугите

Плато има право во секое време на кој било корисник да му го избрише профилот и да му одбие пристап до еРепаблик без никаква причина или образложение.





Доколку сакате да додадете некое правило кое го сметате за важно, слободно напишете во коментари.