Нема поголем пораз од откажувањето !

Day 2,314, 04:04 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia
Ниту една окупација не е трајна, доколку ние не одлучиме да биде трајна !

За реланоста нема што да пишувам, сме минале низ се и сме опстоиле би било смешно да правиме споредба со маките кои ги имаме на оваа игра, но доколку го земеме примерот од нашите предци и доколку тоа ни биде еден мал мотив, да се заложиме сите заедно и со капацитетот кој го поседуваме да завземеме учество во една битка за олободување ние ќе се ослободиме, но само доколку сакаме сите ние искрено.

Најлесно е да се обвинува, и да се бара виновник но тоа го прават кукавиците, тоа го прават оние кои се борат за свои интереси, тоа се истите оние еМакедонци кои се поголеми еБугари и еСрби одколку тие самите, тоа го прават оние кои ја знаат цената на се но не ја знаат вредноста на ништо !

Ова е тој момент да видиме кои се прави еМакедонци, не ни се потребни оние кои се двоумат и кои имаат криза на индетитет, не ни требаат оние кои сакаат да профитираат.

Ни треба секој кој се чуствува како еМАКЕДОНЕЦ !

Ноември 2013

Статијата е напишана за Red Tornado која не успеа да ја објави, затоа што се откажа поради неоснованите критики кои ги добиваше.Случајно ја најдов па си реков дека е штета да ја избришам, можеби и денес по толку изминати месеци ќе мотивира некого.


Сите статии и интервјуа можете да ги погледнете тука.



Нема поголем пораз од откажувањето !
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2385142/1/20

Необјавената статија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2385142/1/20