Даноците, иселувањето и слично [МЗИ]

Day 2,288, 03:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Деновиве кружат статии за тоа дека најдобрата опција за да се намали данокот што е-Македонија и го плаќа на Грција е сите да се иселат од е-Македонија.

Како причина се наведува Work Tax што се плаќа и ке се намалел данокот. Дајте ќе ве молам не правете лудости.

Work Tax е само еден мал ден од данокот што и се плаќа на Грција. Најголемиот дел од тој данок Грција го добива преку Македонскиот маркет и производите кои се продаваат таму.

За да се намали бројот на пари што го зема секојдневно Грција треба да се намали под итно продажбата на производи на нашиот маркет.



За таа цел се создаде нов канал за трговија кој ќе може да го користат Македонците. Каналот е #TradeM, канал кој е во потполна функционалност, се изработи вчера и правилникот и сега од ден на ден добива се поголема посета и се продаваат производи на црниот пазар со што се намалува бројот на пари што го зема Грција.



Што ке добие еМакедонија со иселувањето?

НИШТО !!!

Според сите статистики државата ке се води дека прави штета еднаква на ,,супер силите’’ Сингапур, Арабија, Малезија и слично.

И после ке се чудиме абе нас никој не не сака во сојуз. Па нормално нема да сакаат држава кога е неорганизирана и со мизерна штета.

Проблемот е што работата нема да биде толку. Ке се преселат сите и не дај Боже уште 6 месеци да немаме конгрес и сите иселеници ке се откажат од играва затоа што ке сфатат дека играат за некоја друга држава и толку ке биде од нас како е-заедница.

Вие само продолжете да ја терате идејата за иселувањето и далеку ке стигнете.



Еве ја сликата од еМакедонија кога процесот на иселување ке заврши и бројот на играчи со кои ке остане еМакедонија:



Министер за Информирање

akconel