Време е за обединување [МЗИ]

Day 2,287, 03:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Во претходната статија Време е за промени беше направен првиот чекор за да почне да се подобрува катастрофалната ситуација во внатрешната политика.

Целта на претходната статија беше Македонците со странско државјанство да се вратат во Македонските единици.

Оваа статија ке има за цел да се презентираат пред народот Македонските единици кои имаат организација и начин на работа.

Некои ќе помислат дека ова е реклама на некои воени единици. Но не е така. Во четвртокот беа контактирани сите командири на Македонските единици кои имаат повеќе од 5 активни членови според сајтот egov4you. На командирите им беше презентиран планот кој во оваа статија на дело е објавен и спроведен.



Како по обичај од дел од нив не добив одговор што значи дека не се заинтересирани за соработка и не сакаат да мрднат со прст за да ни се подобри внатрешната политика.

Оваа статија ќе има за цел да ги презентира пред народот единиците кои имаат свој систем на работа (организирани удари, рефунд, активност) и членовите на единиците во кои нема никаква организација нека си одберат од подолунаведените единици и нека се приклучат. Со ова добиваме сите и играчите а пред се Македонија.

Со ова се очекува да се намали драстично бројот на единици во Македонија што ќе ги зајакне постоечките активни единици и ќе се создадат топ 10 единици во Македонија кои секогаш ќе се борат и ке имаат големи шанси за влез во топ 100 кога ќе има турнири од Плато. Македонија ќе има полза од ова. Што повеќе единици во топ 100 тоа повеќе пари за CO од наградите за тие единици. Играчите ќе имаат полза. Ке имаат активна единица која има организација и план за работа ќе добиваат средства во овој кризен период и пред се дружба.



Да не ја должам многу во продолжение ќе ви ги презентирам единиците кои имаа желба да бидат промовирани преку оваа статија.

Прво ќе започнеме со гордоста и најголемите бисери на Македонија. Нашите најголеми и најдобри државни единици:

1. Македонска Армија (МА)
2. BABY’s SQUAD (BS)


1. Македонска Армија (МА)



Македонската Армија е најголемата единица во Македонија. Од своето основање па се до денес е во врвот на нашата држава. МА е елитна единица може да се става ДО каде ке се посака, секогаш на турнирите од Плато е во топ1 во нашата држава, редовно се освојуваат награди со членство во оваа единица.

Исто така е најтрофена единица не само во Македонија туку и во светски рамки. Погледнете ги само овие медали.



Овие медали не се направени од вчера. Во овие медали е вложен голем труд и ова е доказ дека МА остана и ќе остане константна на врвот во Македонија без конкуренција.

Да продолжиме да го чуваме нашиот бисер.

Приклучете се тука.



2. BABY’s SQUAD (BS)



БС е единица во која пораснале некои од најголемите борци во денешнава еМакедонија. Поголем дел од нив се во други единици пошто концептот на работа во тогаш настанатата единица која беше и сеуште е наменета за таканаречените бебиња е да достигнат некој си ‘’врв’’ на сила и економија и да ги препорачеме на некоја поголема единица. Кога настана МА, БС се распушти и сите беа советувани да одат во државната армија, за доброто на еМакедонија. Во единицата останаа само неколку члена кои неќеа да ја предадат во рацете на некој трет затоа што таа припаѓа на еМакедонија а не на некој поединец.

Ние ги организираме играчите како да се осамостојат како на финансиски така и на воен план. Од ништо правиме нешто. Не сме финансиски толку моќни како другите единици кои имаат тенкари и слично али пак сме поорганизирани од поголем дел од нив. Барем кај нас имало и има дисциплина и ред.
Зошто да се прават единици за помош на млади играчи кога таква единица е создадена од државата пред скоро 3 години?
Не бареме кознај каква помош. Помагаме колку имаме и не се жалиме. Ако има некоја донација плус ќе бидеме благодарни на тие што помогнале.

Доколку и вие сакате да станете дел од Baby Squad придружете се тука.

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА ЗГАСНАТ ЕДИНИЦИТЕ ФОРМИРАНИ ОД ДРЖАВАТА.



Во продолжение следуваат единиците кои покажаа желба за соработка.

За да прочитате подетално за единиците кликнете на името од единицата.

Напомена: Редоследот на единиците е направен на начин како добивав одговори тие ги поставував.

Условите кои ги нудат единиците намерно се ставени во гугл документ зошто статијава ке беше огромна.

АРМ-ТИГРИ





PRO fighters MK



P R E D A T O R S





Demons - Red Squad





ArMakedon





DukeS



Macedonian Phantoms Lords





New Generation





[bRSI[/b]





MCF





Значи да напоменам уште еднаш. Преку оваа статија се презентираат единиците кои се активни и со желба за работа и помош на Македонија.

Ке упатам апел до играчите кои се наоѓаат во единици кои се со многу мал број на членови и нема никаква организација и активност нека се приклучат на некоја од горенаведените. Сите ке имаме корист од ова.

Одлучете се за некоја од овие активни единици.

Се обидов со уште подобра идеја од оваа. Единиците кои имаат помалце од 50 членови според сајтот egov4you да се спојат во нова единица.

Но како по обичај наидов на проблем како и секогаш првиот збор беше: ,,Во ред нека дојдат кај нас’’.



Добро бе Македончиња. Зошто само кај нас неможе да се создаде нешто? Зошто само ние неможеме да се собереме на едно место? Зошто само кај нас има поделби? Зошто собирањето на неколку помали единици во една нова поголема го гледате како нешто страшно и лошо? Зарем не гледате дека тониме и сеуште продолжувате со вашиот инает навистина не ве разбирам што ви е целта.

Сите имате свои предлози не се плашете да ги искажете и спроведете. Сите сме влада, сите сме во ова сивило кое трае со месеци и веќе не се трпи.

Ајде бре да направиме нешто заедно. Навистина сите заедно. Ке успееме.

За е-Македонија се работи.

Министер за Информирање

akconel