ЗБОГУМ МАКЕДОНИЈО

Day 2,285, 02:53 Published in North Macedonia Greece by kavadarci4ever

Не сакав да си заминам без да се поздравам тоа најмногу го заслужуват моите гласачи, верни следбеници на идејата за обединета и слободна Македонија. 17 09 2013 е денот што ќе го запаметам кога сум донел погрешна одлука да се зачленам и да бидам дел од оваа игра. Иако на почетокот немав некакви амбиции само си кликав ваму таму, постепено решив да се активирам откако забележав дека нешто не е во ред. Македонија не постоеше, голема поделеност, заспани председатели расправии меѓу сите македонци и други негативности се изнагледав па решив и јас активно да се вклучам во политичкиот живот. Намерата ми беше преку моето партиципирање во јавниот живот да допринесам со конкретни идеи и решенија за стабилизирање на очајничката состојба во која се наоѓаме. Формирав сопствена партија со внатрепартиска инфраструктура и пријателски релации со останатите политички субјекти и граѓани, крајна цел, председателските декемвриски избори 2013 година, резултат 223 гласа повеќе од солиден. Преку мојата партија не победив но доживеав голем изборен успех, за мене ова беше сигнал дека морам да продолжам со активната и посветена работа кон реализација на мојата предизборна програма (http://www.erepublik.com/en/article/-1-2348522/1/20), иако не бев официјален функционер. Во постизборниот период како што доликува на еден коректен политичар му честитав на тогаш избраниот председател StrvleMKD за победата и му посакав успешна работа, ми одговори на мојата честитка со би рекол доза на песимизам, па си реков ајде да не судам уште првиот ден да почекам како ќе се одвиват настаните подоцна и според тоа да носам заклучоци. Во меѓувреме состојбата не се подобруваше, решив да преземам конкретни мерки како што се состаноци со челниците на партиите и воените единици. Се ангажирав максимално да ги анимирам поединечно или групно сите нив но за жал не успеав, претпоставувам на мене гледаа со доза на потценување и супериорност, со други зборови за да ме разберете "петлево штотуку се испили веднаш сака да пропее". Таквиот негативен став и игнорантски однос према мене воопшто не беше причина да запрам со мојата активност. Сето тоа резултираше со втора кандидатура и уште еден голем успех на председателските избори со освоени 115 гласови. Повторно честитки за успешен мандат но овојпат никаков одговор од новоизбраниот председател Phantom MKD. Предходно веќе бев заработил банирање од македонските чат канали, очигледно некому сум пречел многу со моите напори за обединување и ослободување на Македонија. Сум пишувал во мојот весник за некои работи и немам намера да ги елаборирам сега само да напоменам едно нешто, сојузници толку далечни и недостапни не ќе можат да ни помогнат апсолутно никогаш, најблиските земји треба да ни се први сојузници ги имаме четири од нив минимум две максимум три а зошто не и сите четири да ни бидат сојузници, само така ќе успееме да парираме на евентоална блискососедска закана. Да се седи на две столици едноставно не е можно Македонија мора да избере сојуз кон кој ќе се припои но мора да е од наш интерес за успешно да продолжиме понатаму. Новите играчи не ги третирајте како стока за да не се чувствуват отфрлени, тие се за вас светци на кои мора да се поклоните сакале или не, за да останат и понтаму во играва, затоа што Македонија од нив зависи а не од вас. Во мојата последна кандидатура (http://www.erepublik.com/en/article/-1-2370096/1/20) пишав време е на нови генерации, не значи ако јас си одам дека други не треба да дојдат има интересни начини како да се поканат и задржат, треба да се применат се друго само ќе си дојде, успехот ќе биде загарантиран. Од 27 12 2013 чекам да ми го избришат профилот затоа што јас мојата мисија не ја исполнив но веќе одамна сум непожелна и омразена личност од за мене непознати причини. Решив повеќе да не сум активен според тоа мојот профил ќе замине во историјата на Македонија со сите свои позитивни вредности, со сиот свој труд кој го вложив изгубеното време за кое не жалам затоа што вредеше секој ден поминат во оваа виртуелна Македонија. Моето последно вклучување ќе биде во 00:00 часот голем поздрав до сите мои гласачи се надевам некој ќе ме замени затоа што на Македонија очајно и треба човек како мене.