Искуството на еден англичанец со неговите потстанари Македонци

Day 2,198, 08:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Sk0lovranec

Во овие стресни мигови на еМакедонскиот народ решив по долго време од 3-4 месеци да напишам статока која можеби ке го развесели еМакедноскиот народ.
*Краток дел на статијата:
***-Во приказнава се раскажива за искуствата на еден англичанец со некој двајца македонски потстанари... тоа е краткиот, а Долгиот дел:
( малце е долго ама нема гаље 😃 )

Се викам Стивен и сум од Волверхемптон - градот и тимот. Сега ќе ви раскажам за двајцата мои потстанари од Македонија.

Студент сум во Бирмингем - учам корпоративно право. Работам како практикант во елитна фирма. Со мајка ми решивме малку да си ја подобриме финансиската состојба и зедовме станари дома.
Сакавме да бидат бели и од Европа, за да не ни сметаат културните разлики. Имавме многу кандидати, но избравме двајца Македонци.
Изгледаа надежни. Платија две кирии однапред (800 фунти) со сите можни банкноти, монети и 17 долари по среден курс. Беа облечени во брендирана спортска опрема (едниот дури имаше кожна јакна заврзана на тренерките), но изгледа беа многу сиромашни.
Вечерта ги поканивме на вечера со нас. Мајка ми направи од моето омилено говедско месо. Македоците донесоа шише со бледо жолтеникава течност. Ја викаа ракија, а јас отров.Пиеја и се напија здраво, бараа уште јадење без срам. Мајка ми беше презадоволна затоа што многу им се допаѓа нејзиното готвење. Ми го испија сето пиво кое јас ќе си го пиев цела недела. Со изненадувачки добар англиски акцент се заблагодарија за вечерата, помогнаа да се собере масата и слегоа во собата на долниот кат - утре биле на работа во фабрика за конзервирање зелечук.
Заборавив да ви ги кажам нивните имиња - Александар и Ѓорги. Потоа сватив дека Македонците имаат по две имиња - првото име за во пасошот и второто име за пред луѓето.Така што тие се викаа Саше и Ѓоко. Многу чудно. А имаа и прекари - Сашо Багажникот и Ѓоко Був. Но тие не користеа ниту едно од тие имиња и се обраќаа со називи како: брат, клошар, педер... и многу други.
На почетокот Македонците беа многу тивки и некако загрижени. Купуваа само леб и супа. Но кога ја зедоа првата плата - шок, промената ја разбра целото сосетство. Се напија брутално и се веселеа на некаква чудна музика.
Во неделата не поканија заедно со мајка ми на Македонски ручек. Не предупредија да не доручкуваме. Во 12:00 тропнавме на нивната врата, ни отвори Багажникот, беше непријатно изненаден затоа што дојдовме навреме. Ни рекоа да си ги соблечеме чевлите. Ми наредуваат во мојот дом, но како и да е, ги соблековме чевлите и пред да седнеме имаа задачи за нас - ти измиј го ова, ти донеси го ова.Був правеше салата на најчуден начин - сите зеленчучи ги насецка на ситно и ги измеша. Потоа истури огромно количество масло и оцет, стави грст сол и измеша.Багажникот правеше скара на терасата, а покрај меленото месо печеше леб, кромид, магденос и што уште не. После еден час седнавме, ни ставија од одвратниот алкохол. На мајка ми многу и се допадна комбинацијата ракија и салата. Мене не.Изроди! Беа весели и воопшто не се воздржуваа во однесувањето. Пуштија прегласна музика, препија, зборуваа со висок глас и ја несмејуваа мајка ми со бесрамни приказни. Малите форми на мелено месо беа прекранси (им го заборавив името), но изедов само едно од гнев. Ги мразев, бедници дошле од другиот крај на светот па уште и се среќни. А јас претставник на Британската империја не сум среќен.Ги прашав со што се занимавале претходно во Македонија, ми одговорија дека главно се занимаваат со дестилација на високо алкохолни пијалоци.
Деновите на Македоците минуваа така - наутро беа нервозни и се караа (можеби и се тепаа), потоа тргнуваа на работа во последен момент.Се враќаа од работа со огромно расположение, кеси полни со јадења и како што велеа „алкохол за резерва“. Многу се плашеа пијачките да не им завршат.Се капат брзо а потоа готват. Се им е организирано до секунда.По закон смее да се седи до 10 часот, а тие седат до доцна во ноќта.Забавата им почнува со метал, а завршува со нивниот турбо фолк.Филмови не гледаат, игри не играат, туку само зборуваат и се смеат на своите глупости.
Викенди ја шетаа околината со нивната нова чанта-ладилник. Се враќаа изморени, весели и пијани. Само во недела вечер не пиеја, туку гледаа телевизија. Секогаш го поминуваа дворот во дијагонала - направија патека. Скратија неколку метри - малоумници.
Од каде и како запознаваа девојки, не знам, но редовно ги носеа кај нас. Носеа пакистанки, украинки или пољакињи. Понекогаш носеа и Англичанки. Јас цел живот сум бил со помалку девојки отколку тие за 1 месец. И тоа не беше обичен секс - девојките вриштеа со цел глас (среќа што мајка ми е малку глува).
Девојките кога излегуваа како да преживеале вселенска катастрофа, а Македонецот задоволно си го чеша стомакот и оди по неа. Уморен сум од тие смотанковци.Знаат ли дека ние Англичаните сме ја покориле оваа планета, дека цел свет го зборува нашиот јазик. А тие доаѓаат да ни слугуваат од земја за која прв пат од нив слушнав дека постои.
Решив да им ја истражам на Гугл нивната кратка историја. Пак проблем - тие имале држава пред нашата, а нивниот Александар Македонски го освоил светот пред нас, ги победил Грците, Персијците, па дури и Индијците со слонови, а Египќаните сами му се предале и го прогласиле за врховен бог и фараон.
И така низ вековите на нивната територија постојано се водела војна и секој сакал да биде Македонец.

о7