Пивопијски мудрости Од ПИЈАНИЦАТА

Day 2,164, 12:06 Published in North Macedonia North Macedonia by PIJANICATA

Отворете го вашето омилено пиво и почнете со читање. П.С. Дозволен е и друг вид алкохол. 🙂

1.„Во виното има мудрост, во пивото сила, во водата бактерии.“
2.„Оној што пие пиво, спие добро, тој што е добро наспан, не може да згреши, а тој што не греши, оди во рајот. Амин.“
3.„Реалноста е илузија предизвикана од недостаток на алкохол.“
4.„Кога читав за лошите последици од алкохолот, одлучив да се откажам од… читањето.“
5.„Овците блеат кога се жедни, а луѓето кога се пијани.“
6.„Алкохолот е нашиот најголем непријател, но само кукавиците бегаат од непријателот.“
7.„Алкохолот не ги решава проблемите, но не ги решава ни млекото.“
8.„Најмногу може да испие најнеискусниот пивопиец.“
9.„Подобро стомак од пиво, отколку грпка од работа.“
10.„Ако во зборот СТРАСТ, замените четири букви, а две отфлите, ќе го добиете зборот ПИВО.“

11.„Некои пијат од радост, некои од тага, а некои од сабајле.“
12.„Пијанството има три добри особини: нè прави богати без пари, јаки без сила и паметни без разум.“
13.„На пијаниот, морето му е до коленици, а вирот до уши.“
14.„Лагата е како алкохолизмот, постојано влетувате во неа.“
15.„Најлошо пиво е последното.“
16.„Во пивото има многу малку витамини, затоа мора да испиете многу.“
17.„На седмо небо е кога ќе испие десет пива.“
18.„Подобро пиво во желудникот, отколку вода во белите дробови.“
19.„Првото пиво носи здравје, второто задоволство, третото срам, а четвртото лудило.“
20.„Дајте му на народот квалитетно и евтино пиво во доволни количини, и никогаш нема да има револуција.“

21.„Постојат две причини за пиење: кога сте жедни за да ја изгасите жедта, и кога не сте, тоа да го сторите превентивно.“
22.„Татко ми е најголем пијаница во градот. Во најголемиот број случаи тоа и не е толку лошо, но кога живееш во Њујорк…“
23.„Алкохоличар е оној што не го сакаш, а може да испие повеќе од тебе.“
24.„Подобро мало пиво, отколку големо благодарам.“
25.„Подобро мртов пијан, отколку мртов трезен.“
26.„Кога ќе се случи нешто лошо, пиеш да го заборавиш. Кога ќе се случи нешто добро, пиеш за да го прославиш. Ако пак, ништо не се случува, пиеш за да се случи.“
27.„Ферментацијата и цивилизацијата се неразделни.“
28.„Шест пива прават еден оброк, затоа нарачај седум. Мора нешто и да се напиеш.“
29.„Пивото им помага на грдите луѓе да имаат секс, уште од 300 п.н.е.“
30.„Пријателството склопено со чашка, најчесто е стаклено.“

31.„Клаустрофобија е страв од затворена просторија. На пример, тргнуваш во кафана и страв ти е дека е затворена.“
32.„Млекото е за деца. Кога ќе пораснеш, треба да пиеш пиво.“
33.„Врв на мрзеливоста е кога пивопиецот го пие пивото на екс, само за да не мора два пати да ја крева криглата.“
34.„И доброто пиво прави лоши луѓе.“
35.„Кај што владее пијанството, нема никакви тајни.“