Македонијо ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ !

Day 2,087, 14:11 Published in North Macedonia Chile by MeCheemkd

08.08.2001 - 08.08.2013


Тоа ПРОКЛЕТО августовско утро 2001-та беше празник - Света Петка. Утрото најавуваше жежок ден. Стотината бранители, меѓу кои загинатите, во раните утрински часови тргнаа во конвој кон Тетово да го бранат територијалниот суверенитет и интегритет на Р. Македонија. Никој не очекувал дека кај Карпалак ќе бидат пресретнати и нападнати од албанските терористи.

- Одеднаш припукаа од двете страни. Најпрво беше погоден автобусот што го возев. Се запали, а јас не знам како, со кои сили, со судни маки успеав да возам неколку километри во пламен. Успеав да го запрам, да се извлечат војниците, од кои еден беше потешко повреден, а друг полесно. Кога нѐ однесоа во Тетово се баравме кој е жив, се пребројувавме. Дарко Вељановски, еден од загинатите, се возеше во автобусот кај мене. На половина пат, заради другарите Пеце и Марко, слезе од автобусот и влезе во камионот. Загина заедно со другите. Рубинчо Петрески, кој тогаш беше тешко повреден, остана жив, ама, за жал, како последица на карпалачките трауми по три години почина - се присеќава Ацо Јованоски-Реган, возач на автобусот.

Тој додава дека била многу грда слика.
- Изгорен автобус, зад нас остатоци од изгорениот камион. Општ хаос во тој момент, но од сето тоа се извлековме со голема пожртвуваност - додава Реган.

Погибијата на десетте бранители во Прилеп одекна болно. Насекаде лелеци, пискотници. Речиси цел ден беше мачен. Сите овие моменти длабоко се врежани и во сеќавањето на вашиот известувач, кој беше вклучен во известувањата од настаните. Се очекуваше потврда кој е загинат, кој е ранет. Низ Прилеп општ хаос. Поголема група граѓани, во знак на револт, осуда, ја запалија џамијата, влегоа во касарната... Откако се смирија страстите дојде полицискиот час...

Прилепчани беа во шок. Само повторуваа како можеше ова да се случи и се прашуваа, а и ден-денес се прашуваат кој го стори и зошто масакрот кај Карпалак. Одговори, кои патем не ги бараат само семејствата на загинатите, роднините, туку и прилепската јавност, сѐ уште нема.





- Нане Наумовски 1953 - 2001
- Сашо Китаноски 1961 - 2001
- Бранко Секулоски 1958 - 2001
- Горан Миноски 1972 - 2001
- Марко Деспотоски 1973 - 2001
- Ердован Шабаноски 1980 - 2001
- Љубо Грујоски 1969 - 2001
- Дарко Велјаноски 1974 - 2001
- Пеце Секулоски 1970 - 2001
- Веби Рушидоски 1974 - 2001



Вечна ви слава ! МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАБОРАВА !!



http://www.youtube.com/watch?v=VD8BZq7PjK0 !!!