Благодарам Русија + новости [МНР Македонија]

Day 2,077, 00:30 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Добро утро Македонијо,

Веднаш започнувам со извештајот бидејќи има поприлично многу што да се каже.

Во светот во кој моментално сме минорни во однос на штетата која ја прави КоТ, можам да кажам дека почнавме малку од малку да функционираме како сојуз. Зошто го велам ова? Бидејќи конечно свативме дека сами не можеме, клучот е во соработката и планирањето.
Како прв пример ќе споменам план кој е многу битен за нас и кој Русија помогна за да продолжиме во остварувањето на истиот - Воздушниот напад ! Рускиот претседател без ниту малку двоумење ни излезе во пресрет и несебично го наполни кругчето од тогашните 40 до крајните 100%.



Дорогая Россия,
Дорогие друзья и союзники,

еМакедония хотела бы поблагодарить вас за щедрую поддержку. Вы дали нам возможность следовать нашему плану, узким местом которого было наличие еды. В последние месяцы мы старательно работали над сближением наших стран и укреплением этих отношений. Мы знаем, что македонцы не забудут этот добрый поступок. Мы продемонстрируем, что стоим его и всегда будем с вами.

Да здравствует наша дружба!
Слава России!
Слава Македонии!




Драга Русија,
Драги пријатели и сојузници,

еМакедонија сака јавно да Ви се заблагодари за несебичната помош која ја добивме од Вас. Вие ни овозможивте да го продолжиме веќе зацртаниот план, во кој храната претставуваше и те како, голем проблем за нас. Последните неколку месеци вредно работевме на зближување меѓу двете држави и зајакнување на таа врска.... Сакаме да знаете дека Македонците нема да го заборават ова добро дело, сакаме да знаете дека ќе Ви покажеме дека сме достојни на вашата посветеност и секогаш ќе бидеме тука за Вас.

Да живее нашето пријателство !
Да живее мајка Русија !
Да живее Македонија !



Нашиот сосед Србија моментално има големи внатрешни проблеми. По многуте нелогични закони на тогашниот претседател Ханибал ЛА и проблемите кои тој ги создаде како во земјата така и во сојузот, очекувано или не, тој доби трајна забрана за пристап до неговиот акаунт.

Некои од неговите “најинтересни” закони:

Шпанија за ПН
МПП со Турција
Драги мултиња...
My name is Cleaner Serbian Organizations.
Шпанија за ПН вторпат
Напуштање на алијансата
Нашиот јужен сосед за ПН.
Објавување војна на Италија
I’ll be back. (Like a boss) 😃
Запирање на трговијата со Аргентина
МПП со Чиле

Сите овие закони видно ги вознемирија сојузниците на Србија, некои од нив (Шпанија и Полска) веднаш почнаа да прават стратегии и разговори за промена на страните и можеби придружување на можен нов сојуз, за кој ќе Ви објаснам подолу.

Моментално новата влада се труди да се прилагоди што побргу на ситуацијата и да спасува тоа што може да се спаси. Во артиклов можете да прочитате за зацврстување на братството СерХун кое висеше на конец последниов месец. Во него може да прочитате за договорот каде двете земји се обврзуваат да отворат заеднички ирц канал за побрза соработка, создавање на СерХун заедничка војска финансирана од двете земји која ќе има за цел чести заеднички удари за зближување на играчите и меѓусебна помош во воените дејствија.
Во последниот мофа артикл, Србија ја убедува својата нација дека не се сами, дека сојузот е со нив, се што треба да направат е да ги свртат работите во своја корист и да си ги вратат ресурсите во рок од 10 дена.



Македонија после доооолго време го обнови пријателството со Франција и потпиша МПП со истата.

Во Франција неделава е во тек Бејби Бум !

Како што сите добро знаеме Чиле исто така имаше успешен Бејби Бум !

Хрватска додаде уште едно ново МПП во својата листа, со Индонезија.

Индонезија одби 3 водушни напади, од Саудиска Арабија (лажен), од Иран (пред 2 дена) и Велика Британија (денеска). Уште еден доказ дека КоТ се обединува...

КоТ потпиша договор со Италија за заедничка воена координација. За таа цел претставници од владата на Италија добија пристап на воените канали на КоТ. Се надеваме дека ова ќе прерасне во поголема соработка.

Бугарија успешно слета во Боливија, каде што за возврат доби закон за ПН од Аргентина.

Белгија има тренинг војна со Полска (поради натпреварот).

Јапонија исто така прифати тренинг војна со Кина. Истовремено Јапонија се соочи со, за жал, успешен воздушен напад на Португалија. Тука можете да прочитате / преведете дека Португалија сака да го премести својот главен град во Јапонија, и поради тренинг војната на Јапонија со Кина, максимално ќе ги одолговлекува своите напади за да може да ги заземе и тие јапонски територии кои моментално се под кинеска окупација.



За релаксација:

Разлистајте го весников, има доста интересни поучни (тролачки) статии...

Прочитајте тука како членките на ТВО, на состанок се свртеа против сојузник Шпанија.

Прочитајте што се, се случуваше околу создавањето на Imperium. Воедно прочитајте го веќе изгласаниот чартер на несудената алијанса...

Troubles in the heaven “brothers” ????



Толку од мене за сега
Вашата Aliss