Нови политички сојузи на еБалканот!

Day 2,042, 04:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian

Во еБалканот извираат нови сојузи помеѓу еднаш вечни непријатели, а сега сојузници од интерес. Србија го навестува „долго очекуваниот“ сојуз со Грција. Во многу еВесници тие наидоја на позитивна порака од страна на граѓаните од еСрбија а истото и во еГрција. Но, што ќе се случи со еТурција која што е најголем непријател на еСрбија, додека со еГрција тие имаат склучено сојуз каде еГрците во последно време многу се експонираат на битките против нашата држава.
Дали тоа значи дека еМакедонија ќе добие непријател од еСрбија или Србите ќе направат притисок кон еГрција да го прекине сојузништвото со еТурција за да и се овозможи место во сојузот TWO?

Вистинското прашање е дали Србите ќе играат Грчко оро или обратно?

Новите случувања го отвараат прашањето за интересите на еМакедонија кои ќе бидат нарушени по ова склучување на сојуз во еБалканот!

Дали е логично и еМакедонија да се помири со традиционалниот сојузник еТурција и заедно со еБугарија да се неутрализира балансот на моќ на Балканот!

о7
Georg the Macedonian