Вујо Мајсторе !!!

Day 2,033, 11:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Boko Komita




Последниве неколку денови низ Скопје меѓу младите но и на сите спортски портали низ Македонија главна тема беше 02.06.2013 и двете Дигнати титули на црвено црните во рок од неколку саати. Една фудбал, и искрено за мене помилата во Ракомет. И на тоа ќе се осврнам во ова текстче што би рекле мојте пријатели...

По неколку години ракометниот клуб на Вардар се врати онаму и каде што припаѓа...на врвот. Во едно драматично и полно со тензија ќе го речам финале Вардар издвои победа и го крена победничкиот ПЕХАР. Што се случи на тој меч сите видовме....брканици, турканици, црвени картони.. но јас би рекол сето тоа е само дел од ривалството. Битен беше тој меч за двата табора. Но.. како битката да не заврши после последниот звук на семафорот. На сцена потоа настапи РФМ, со неколку за мене, а верувам и за многумина кондратикторни одлуки. Покрај енормно високите парични казни на сцена дојде и една... не, ќе бидам малце пореален дојдоа две чудни одлуки. Во едната за мене помалце битна е неколку годишната суспензија на ракометен играч од Пелистер и втората секако која мене многу ме заболе е едногодишната казна за водење на натпревари во домашното првенство на тренерот на РК Вардар, Веселин Вујовиќ-ВУЈО. Вујо, можеби за многумина обичен човек, просечен тренер со темпераментен карактер, но за мене и за мојте другари од трибината ГОЛЕМ ЧОВЕК кој направил премногу за овој наш клуб и за нас како навивачи. Вујо е еден од ретките тренери кои вистински го разбираат и го сакаат ракометот а и клубот кој го водат заедно. На неколку наврати му оддржа вистински лекции на големиот ЛИНО.Но и пред све Вујо е вистински ЧОВЕК. Играчите го гледаат како свој втор Татко, секогаш е на нивна страна,а ние навивачите го гледаме како ГОЛЕМА ЛЕГЕНДА. Легенда која повеќе од еднаш докажа и покажа дека навистина го сака Вардар, но и дека ги почитува неговите навивачи. Велат, бесен бил ваков бил онаков бил. Па да.. едноставно тоа е дел од него, тоа е ради љубовта која постои за Вардар во него.

И во последниве два-три дена е главна тема Русинот Самсоненко и неговиот капитал. Го обнови ЖРК Вардар, па со шампионската маичка дојде на прес и рече дека од РК Вардар ќе направи Европски Гигант. Читав... ми се насолзија очите. Од дамна се немав израдувано така, чисто вистински од срце, затоа што навистина ВАРДАР заслужува една финансиска закрепа која би му донела крила за високи долети во Европа. Всушност, русинот ги освои мојте симпатии со неговата изјава дека главна причина за влез во РК Вардар сме ние Навивачите, Комитите, кои со ладни глави успеавме до крај да останеме на трибина мирни и да го направите тоа за кое бевме дојдени таму. Да пееме и да славиме. И сега, се дига прашина.. Вардар ќе се вивнува високо нагоре се спомнуваат звучни имиња НО... како да ми стои грутка во грлото, како нешто да не е цело. Врти-Сучи се се враќа кон ( за мене лично, но и за сите познавачи на ракометот ) клучот на успехот. ВУЈО... ВУЈО како тренер, ВУЈО како човек. Па не знам дали постои некој искрен навивач кој посакува Вујо да си замине од Скопје. Јас лично сакам да остане, да го води Вардар во лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Казнет е една година надвор од терените но во Македонија. Со неколку жалби,повлечени врски сигурно сето тоа би се смалило. Ами, Македонскава лига сите знаеме до кај ни е. Вкупно Вардар игра два натпревари во домашната лига... И тоа двата со Металург. Е сега прашањето е дали треба да се стави на маса нов договор за ВУЈО или пак да се потапне Вујо по рамо и без да се потрудиме да го пратиме на Исток. Несомнено е дека ќе заработував повеќе од тука, но дали некогаш ќе засака клуб како што го сака Вардар? Пред неколку недели Вујо за едно интервју рече „Вардар неможе без Вујо„ , но според мене факт е дека и „Вујо неможе без Вардар„. Јас и мојте другари Комити, а најверојатно и сите Скопјани САКАМЕ ВУЈО ДА ОСТАНЕ. Сакаме да пратиме еден апел до Русинот кој ја има сета наша поддршка за голем Вардар, да го побара Вујо да седнат на маса да се договорат. Да не се пушти нашата СИЛА да замине онака ... лесно. Не се сомневам дека Вујо би се согласил да седне на маса, да разговара со управата. Вујо знае како Вардар дише. Вујо ги знае сите доблести и мани на овој клуб. Но што е и поважно И ние навивачите го знаеме ВУЈО КАКО ГОЛЕМ ЧОВЕК КОЈ МНОГУПАТИ ГО ОСТАВАЛ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА КЛУБОТ И ЗА НАВИВАЧИТЕ. Затоа се надевам дека овие неколку редови ќе стигнат до ушите на нашиот нов финансиер, и дека ако ништо друго ќе проба Вујо да го задржи таму каде што Припаѓа. ВО ВАРДАР!