Човек учи додека е жив. Освен Македонецот. Тој сè знае од раѓање!

Day 1,988, 10:44 Published in North Macedonia Pakistan by Light Angel

Хмх,самиот наслов објаснува многу работи, сите мислиме така , нели?
Ама најинтересно упорно свесно или не продолжуваме да го шириме нашиот универзален квалитет 🙂. Долго мислев како да ја именувам статијата иако темата и причините беа многу,ама затоа Васиљ го напиша тоа за мене 🙂.
Како и да е,можи многу од вас нема ни да ја отворат статијата бидејќи не е поделба ,но , има и некои кои стварно и сакаат нешто друго ,настрана од идиотските гласови, тенкови и храна. Значи самиот медал ја изгуби и вистинската смисла, нема статии , нема идеи ,нема информации, нема ништо што би го дефинирало новинарството како такво..да, тоа е и една од причините за мојот текст,па знаете дека и покрај Плато што секојдневно ја оглупва играта и вие сте една од причините за тоа,м???Па и јас , меѓу вас 🙂.....
Да такa е,новинарство нема,политика или политички партии безвредни,претседател,хмх,што е тоа???можност за полнење со злато на сопствениот acc,даа??Секој од нив,со одредени исклучоци ( да не ги именувам) беа очајни...Секој сличен на претходниот, така што ако едниот бил активен 7 дена , другиот намалил на 6 итн....Ќе се кандидирал , ама неморало да објаснува исти работи ( прочитај и јас ќе крадам и нема да ме боли за вас) ама па затоа имал една цел ,ДА ЈА ПРОШИРЕЛ И ВЕЧНА ДА БИЛА МАКЕДОНИЈА!! (FACEPALM)....
Добро бе, ретардирани мислите дека се сите?? Мислите дека ако ги наредите имињата на 10-на играчи кои стварно направиле нешто или пак се подолго во играта сите ние останатите, а особено поновите играчи треба да ви веруваат постојано или за првпат??
Луѓе дајте бе, играва како виртуелен свет нуди многу можности,алоооо...имате економија - државна(мислам на заработка на државни пари преку маркети и сл, со тоа можност да се финансира државна армија), шпиунажа(државно организирана),воена политика ( не само сојузи и МПП-а со пријателите,внатрешен воен раздор на непријателите),пропаганди во непријателските земји и да не редам уште милион идеи кои ми се вртат, а кои можите како новост организирано да ги внесите во играта...
Да, да, вие сите знаете и имате пробано и неможело да успее, порано било поинаку сега нема шанса, оти сега нечини економијата на плато, а ние сме супер и премногу паметни и имаме право да ви го полниме мозокот со глупости и да повторваме дека СЕ е утопија и невозможно во играва (мислите со македонците??) . Па ВИЕ постарите играчи го направивте тоа,колку и да ве боли , тоа е вистината!!
Вие почнавте да купвате гласови за партии, вие почнавте да купвате гласови за статии , вие се прцавте меѓусебно за ништо,вие охрабрувавте играчи кои го правеа тоа - наместо да ги казните, и да, новите беа тие кои ги научија сите овие "позитивни" страни ваши и продолжија во уште поизразена верзија!!!
Прцање за БХ во иста единица,јас сум сретнал, вие?
Давам 1 голд за глас ( конгресмен,CP - whatever), јас да , вие?
И да за крај,вие "попаметните играчи" ( читај - постарите во играва) , прекинете да филозофирате како треба и што би било ако би било, прекинете да солите памет, има деца и возрасни тука , а пред се има и попаметни од вас,вервајте!! Земете и покажете на дело она за кое мислите дека сте способни, соберете ги македонците, кренете ја нацијата , сега кога и е најпотребно, вратете ја забавата со вашето искуство,па да,напревете повторно да има 500 играчи на канал и сите нестрпливо од срце да пукаат заедно и никој на никој да не му се лути или обвинува...ете ви можност, ДОКАЖЕТЕ СЕ!!!И се разбира прекинете со вашата тврдоглавост и самобендисаност (иако е дозволено во играта 🙂 )
Се надевам ќе испрочитате и ќе искоментирате!
До следниот пат, поздраф!