Не е битен насловот

Day 1,986, 14:17 Published in North Macedonia North Macedonia by tomibair

Не знам колку време паѓав.Не се сеќавам. Знам беше долго, и не се гледаше тлото, а јас не гледав на долу,упорно се пулев таму горе, во точката која стануваше се помала и помала, какошо паѓав. Таму горе, кај шо цел живот копнеам да бидам, кај шо сите се мали ине влијаат на мене. Паѓав со месеци, воопшто не окривувајќија стварта која метурна, и еден ден конечно треснаф силно на земјата, а околу мене??... милионилешеви, костури, кратери како од метеори, дупки вдлабнати од луѓе, кои паѓалеод уште повисоко, но не го преживеале падот. Изреметени, осакатени, влечкајќисе по земјата, и сите со погледот таму горе, во малата црна точка, како запрениво времето. Треви алкохоли, кафански музики,го пополнуваа просторот додека севлечкавме низ правта, ушомуглаени од падот.
- Подстанав ја кренав глата, се ме болеше амакако да бев благодарен дека конечно паднав, го видов тлото, се приземјив.Почнав да функционирам. Со лазење. Хендикепиран. Не се гледав во точката нагоре, не се ни трудев да излезам од правта на дното, се навикнав вомеѓупросторот, таму каде не се бара храброст, и се осеќам нај удобно. Но севлечкав, сеуште се влечкав целиот искршен, лажен, меѓу дузината исти ко мене.Искршени паднати, треснати, седатирани.
- И еден ден... Лежејќи на дното се појави едносуштество, и проба да ме крени.Ме фати под мишки, ама од почеток му бев многутежок, се мачеше не можеше. Не се труди му викам, остајме овде долу, веќе бевгоре, неќам пак таму. Но беше упорна. Со сите сили успеа да ме подкрени, мекачи учка и почна да ме носи, таков целиот, бајат, неподвижен. Повраќавврз неа. Крварев од устата од носот. Но не се откажуваше, упорно ме носешеправо, па нагоре. Од време на време ќе ме потспуштеше, и таман да треснам, вопоследен момент ќе ма фатеше.
-Влеговме во една зграда, која ми изгледашемногу познато, од порано. Многу познато. Не ме носи на горе и реков. Те молам.Страв ми е. Остајме долу, со црвјата. Не се плаши ми рече. Горе е тоа што гобараш, ќе те излечам.... и почна да ме качва на горе. А зошто ме носиш скала поскала?? кога има лифт и реков? Не знаеше да ми одговори, ќутеше и ме качваше нагоре, скала по скала. На ѕидоввите од зградата гледав некои познати натписи,како од друго време, какоо од живот, кој веќе го имам поминато, чувство настрав.. но толку ми беше убаво на нејзиниот грб шо веќе не пружав отпор. Колкуи бев потежок, повеќе се трудеше да ме крева. Повеќе скали искачуваше, кога ќесе опуштев, ме пушташе, да се топкам по скалите. Сакам да е тешко ми велеше.Претај ми на грбот, повраќајми, и побрзо ќе стигниме горе, те неќам ко ќе сипослушен. И конечно стигнавме.... Воздухот беше чист, убав. А толку беввисоко шо не го гледав дното, иако се слушаа некој врисоци, од паднатите каково ехо. "слезиииииии" слезииии побрзоооооо" кои ги игнорирав. Сеисправив на ноѕе, зедов воздух, и осетив леснина, но бев целиот со прав, одмесеците долу.. искаписе ми рече. Влеговме двајцата. Ме намачка со сапун, ипочна да ми го трие грбот од којшто паѓаше кал, грутки стврдната кал. Па микладе шампон, а со прстињата почна да ме масира. Ме облече во нови алишта, меначешла, ме намириса.. ме лечеше додека да оздравам. Кога оздравив, конечно сеопуштив. Арен си ми рече??? Ајде сега дојди со мене. Пред да те сретнам,мирече, и јас бев падната како тебе. Падната од повисоко. Но не паднав на земја.Паднав во онаа река ледена, и предолго бев во неа, не го гледав брегот.Пливајќи , се откажав, изѕемнав, и почнав да пропаѓам, а на дното слушнав глаској ми рече. Ќе те извадам од реката, но ќе ми ја дадеш душата, ќе осеќаштоплина на телото, но студенило во душата, и прифатив, ми рече. И од тогаш мирече, јас ја барам топлината во душата а најблиску до таа топлина сум кога ми езагреано телото, барем лажно.. ми рече, ми ја подгрева душата, и секој месец морам да земампо еден паднат, да го качвам на оваа превисока зграда, се додека не се навикнина мене, ми рече. Кога ќе се навикни морам да го турнам од покривот,од тамунајгоре само така ќе можам да останам жива ми рече. Но тебе неќам да те турнамми рече, и да умрам, уморна сум од качвање на оваа проклета зграда, сакам даседнам да одморам. И си седевме двајцата на врвот. Јас силен горе, таа секојден се послаба и послаба, од проклетството во душата ледена. Кога и го видовлицето едно утро, тоа преубаво лице, немаше боја. Едвај дишеше, а требаше самода ме турни, немаше да давам отпор. Тоа беше утрото кога скокнав , без да метурнат, за таа да остани жива. Најверојатно уште паѓам, не знам... ама ко ќетреснам сигурно нема да преживеам овај пат, само ме интересира, шо се случе сопроколнатото чупенце со ледена душа, која е таму горе, и ја гледам како еднамала точка во височините, Која секој ден е се помала и помала.


Томи д