Интересни вицеви. :)

Day 1,977, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar.KaZ1wOw

Решив да ви постирам неколку интересни вицеви. 🙂

Како да го натерате мажот веднаш да си дојде од кафана?
Напиштете му СМС-„Купи вино и дојди кај мене дома. Маж ми е со друштво во кафана.“ Па исклучете го телефонот.


Се собрале сите роднини на крштевка на едно бебе. Како што е обичај кај нас, се закачиле двајца членови на различни партии.
Застанале над бебето и едниот рекол:
-Од нашите е, видете колку му се црвени образите!
Другиот се јавил:
-Не, од нашите е, видете колку му се сини очите!
Од позади некој се јавил:
-Да, да од некоја партија е, ем покакано ем насмеано!
Учителката ги прашала децата:
- Ајде нека каже некој нешто чудно, ама да биде вистинито.
Малиот Трпе се јавил:
- Петлакот е тврд, а нема коски.
- Седи Трпе, срам да ти е. Ајде нека каже некој нешто интересно.
Па се јавил Трпе:
- Дундата е влажна, а не рѓосува.
- Трпе, прекини !! Ајде да слушнам некој друг да каже нешто интересно.
Пак се јавил Трпе:
- Земјата е тркалезна.
- Добро, тркалезна е, што е тука интересно ??
- Па луѓето се е*ат на секој ќош!
Како да натерате жена да ве сака:
- давајте и компилменти
- почитувајте ја
- бакнувајте ја
- грижете се за неа
- забавувајте ја
- обезбедете и комфорт
- гушкајте ја
- заштитувајте ја
- давајте и пари
- купувајте и убава храна и пијалоци
- раговаракте со неа
- помагајте и
- носете и кафе во кревет
- купувајте и ја облеката што ја сака
- сослушувајте ја внимателно
Како да натерате маж да ве сака:
- нахранете го
- соблечете се.
Мујо и Хасо служеле затворска казна. Кога одеднаш Мујо нашол некој фломастер и почнал да црта по ѕидот, Хасо на тоа му вели:
-Немој да шараш по ѕидот ќе не избркаат.
Влегува маж во автобус и го прашува возачот:
-Дали се плаќа за цвеќе?
Возачот му одговара:
-Не
Тогаш мажот се врти назад и вели:
-Ајде Ружо качувај се!
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.
Како настанал земјотресот?
- Црногорец земал лопата да копа и земјата отворила уста да се смее.
Судијата го прашува Рамче:
- Рамче, зошто крадеше?
- Ма не сум крадел, жими деците.
- Си крадел, си крадел, те виделе двајца сведоци.
- Не сум крадел судијо, жими све, имам 100 сведоци кои не ме виделе.
Се караат две момченца, па едното почнува со закани:
-Ќе видиш ти! Јас имам голем и силен брат!
-Па што? Него за половина час ќе го среди мојата убава и згоднa сестра!
Ако имате некои добри вицеви, пишете во коментарите! 🙂