ОТЧЕТ Февруари - Март [МзЕ]

Day 1,934, 12:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija


Почитувани,

најискрено ова беше мандат со големи предизвици.
Првата работа со која се соочив беа предизвиците поставени од Претседателот и волјата на тимот во целост да ги постигне целите кои ги постави. Тоа беа амбициозни планови за кои бев сосема свесен дека нема да имаме доволно финансии да ги финансираме, НО...

Тука беа Македонците кои верува во стратегијата и желбата за подобро утре, веруваа во визијата и способностите на својот избран лидер, па со мала помош, едно последно буткање на ден 1910 отпорот спласна. Ако истиот потраеше уште само еден ден, ќе банкротиравме како држава.

Благодарјќи на овие подвизи сега имаме сигурна територија која понатаму ќе можеме да ја надградуваме и да имаме константен бонус, а Македонците ќе можат да се доселат назад од странство и тука да произведуваат и заработуваат.

Овие работи ги кажувам за да Македонците знаат дека е од особено значење изборот да го стават пред еднократните награди за глас, било да се тоа претседателски или конгресменски избори.

Сепак да се навратиме на темата:
Сакам малку да ве запознаам со начинот на кој што функционира нашата алијанса, имено CoT за разлика од претходниот соуз се финансира од средства кои се во висина од 3% од буџетот кој го генерираме на неделно ниво. Односно за секои 100.000 денари собрани од данок околу 3.000 одат на сметката на CoT.
Друг трошок е министерството за здравство кое можам да потврдам дека оптимално и одговорно ги троши своите средства, а издаде и извештај кој можете да го проследите на следниов линк
Министерство за Здраство ( Јануари-Февруари)
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2223051/1/20
(фала Венди)

како што можете да видите секогаш се пазарел најефтиниот леб (односно најповолната понуда).

Дополнително голем трошок се и тенковите кои овој пат не се купуваа со тендери, но сепак се купуваа оптимално ефтини се со цел да се купат повеќе парчиња, каде секое парче беше важно.

Од некоја груба статистика се заштедија околу 1000 мкд преку директно купување, како резултат на избегнување на двојно оданочување кај CoT. Околу 200-300 мкд од секои 1.000 купени тенка и околу 5.000-10.000 мкд тотал заради планирање на тајмингот на купување на тенкови.

Во тотал тоа значи домаќинско работење и доста труд да се најде најповолната понуда и некаде 15.000 мкд дополнителни средства за трошење.

На крај сакам да им се заблагодарам на Буце и МоД тимот кои знаеа точно што прават 1 месец пред останатите.



Останаа уште финансиите, овој пат проследени со материјален отчет кој секој може да го разбере, провери и оцени сумирано и со мала статитика. Повторно ќе можете самите да ја следите и мојата материјална состојба паралелно со онаа во организациите со кои работев и сами да оценит, па дури и да предвидите што точно е направено и како. Тоа е максималната транспарентност која можев да ја пружам, а доколку сето тоа ве интересира во табеларен приказ со активни линкови за брзо пребарување, слободно следете го долниот линк. ( ОТЧЕТ ТАБЕЛА )
Самата комбинација на финансиите со следењето на производите ќе ви даде потполна целина на сликата и за тоа каде и колку е дадено и како е секој денар потрошен.

За МЗЗ
Здравје изразено во Q1 леб 699,649
Пари потрошени 16.700 МКД
Сооднос по парче 0.0238 МКД

За МоД
Тотал тенкои 28,453 Q7 тенкои
Тотал кеш 193,461 МКД
Од тенк 6.80 МКД





И она што е новина состојба на државниот магацин за цело време на мандатот следејќи ја хронологијата на средствата од НБРМ



Поделбата на рефундот ќе ја дадам во скратен формат SS можете да најдете во документот погоре.



За какви и да се прашања, ви стојам на располагање во секое време.

Со почит,
SaveAss