УШТЕ ЕДЕН АМБАСАДОРСКИ ИЗВЕШТАЈ - еМОЛДАВИЈА !!!

Day 1,883, 23:06 Published in North Macedonia Thailand by Nuclear Gamble

Здраво живо мои Македонци и Македонки !!!

Откако го зедов тоа преценетото ММ медалче го фрлив весников во ќоше, меѓутоа обврската си е обврска...
Поради недостаток на кандидати за сите пријавени места за амбасадори, си зедов обврска да бидам амбасадор кој што ќе ја претставува нашата мила еМакедонија во еМолдавија. Искрено не планирав да пишувам артикли, но понесена од трудот и еланот на нашите еБебиња кои веднаш си ја сватија работата сериозно си реков ајде и јас да дадам дополнителен потик да продолжат со ангажманите и обврските кои ги носи функцијата "амбасадор".

По мало површинско истражување, како што е редот најпрвин ќе почнам со општите карактеристики:

- Во моментов активни еМолдавци се 457 со просечно 23то ниво,

- Поседуваат 4 области кое се богати со житни растенија, елен и добиток,



- Како што можете да видите од сликава погоре во моментов еМолдавија граничи со еПолска, еУнгарија и еРоманија.

- еПретседател на државата месецов е maruseav

- еВладиниот кабинет изгледа вака:
Mentalist de Bukovina - Премиер,
t150 - Министер за одбрана,
unualibro - Министер за надворешни работи,
Alexandru Barbarosie - Гувернер и
Lupusorul tainic - Министер за образование.

- Во моментов немаат природен непријател, ниту пак имаат обезбеден полн трезор за воздушен напад, туку само помагаат на сојузниците.

- Како членка на CoT алијансата, ова се сојузниците на еМолдавија во моментов:



- Можам слободно да нагласам дека еМакедонија има топли пријателски односи со еМолдавија што покажува и и статијава напишана од тогашниот наш МНР тим.

Интересно за оваа држава е тоа што имаат државна воена единица наречена Претседателска армија на Молдавија чиј командант нормално е претседателот на државата и е составено исклучиво од силни и елитни акаунти.



Исто така разгледувајќи ги нивните весници налетав на една многу интересна статија која што можете да ја погледнете тука иако ништо нема да разберете.
Со помош на гугл преведувачот прочитав дека статијата е наменета за номинации за најеЛичности во еМолдавија во 2012та година. Хмммм интересно....

За тие со поголема заинтересираност, доколку има такви во овој артикл напишан од моменталниот министер за надворешни работи можете да прочитате т.е. да си преведете за историјата на еМолдавија со ЕДЕН и ОНЕ, за вечното војување со еУкраина, бришењата од мапа итн итн... Доколку имам време ќе пробам да ја преведам статијата со помош на гугл преведувачот бидејќи вреди да се прочита.
Сега за сега мислам дека напишав и повеќе од доволно ...



Вашата верна амбасадорКА
Aliss