Разбудете се еНовинари

Day 1,883, 14:00 Published in North Macedonia Nigeria by Kevin09

Единствената причина за тоа што ни е еНовинарството на ова ниво е тоа што никој не е будала да пишува статија и да моли за претплата за да го земе тој ММ медал и тие 5 голд, кога може да направи 1-2 мултиња и да си земе и повеќе голд и да си купи претплати od некој voters club и да го добие тој ММ медал.

Порано немаше статија во топ5 без 150 гласови ,порано статија се пишуваше кога имаше некоја добра тема, порано имаше добри еНовинари што сите чекаа нова статија од нив да прочитат нешто интересно нешто паметно. Денес со 30 гласа статија во топ5, секој може да напише статија и да му биде во топ5. Искрено ми фали времето кога Voix пишуваше мотивирачки статии, статиите на Шмекерот со кој на многу завиткан начин беше искажана ситуацијата во еМакедонија а сепак напишана за да може секој да ја сфати, статиите на ZORAN CAPS LOCK како пишува против секој претседател и влада на еМакедонија.

Да се надеваме дека новинарството во еМакедонија повторно ќе го достигне нивото кога за да имаш статија во топ5 треба да биде со многу добра содржина, а не статија со глас oд Voters Club или со 30 гласа во топ5.....


Каде сте вистински еНовинари, разбудете се од зимскиот сон,мотивирајте го народов, вратете ги старите денови на доброто новинарство !!!!!