[МНР МАКЕДОНИЈА] Договор со Албанија

Day 1,854, 11:12 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Драги Македонци/Македонки

Постигнат е договор со Албанија со кој им ослободуваме една територија а таа е Албанскиот брег а Тирана и Југоисточна Албанија остануваат под наша контрола.

Договорот е следен и е валиден до 5 Јануари:

-Македонија го враќа Албанскиот Брег на Албанија

-Албанија несмее да стави NE закон и истиот да биде изгласан

-Македонија не смее да стави NE на Албанија и истиот да го изгласа

-ЕДЕН и Албанија несмеат да подржат востание во другите два региони


За самиот крај решивме да додадеме уште два члена во договорот а тоа се следните:

-Доколку Македонија не го врати Албанскиот Брег и изгласа NE на Албанија, Македонија е должна да исплати оштета на Албанија.

-Доколку Албанија изгласа NE закон на Македонија или отвори канал за поделба на тенкови доколку во другите два региона има востание и ЕДЕН сојузот дојде да им помага тогаш Албанија треба да плати оштета на Македонија.


Доколку има прекршување на договорот ќе бидете навремено известени и ќе бидат превземени соодветни мерки.

Затоа драги "патриотишта" следете наредби ако сакате да и помогнете на Македонија!

Со овој договор си осигураме +2 лесни ресурси и ќе можеме целосно да се посветиме на нашиот Јужен Сосед да остане под наша окупација подолго време.

Исто така ќе има и известување од страна на МзО.



Со почит
МОФА тим на Македонија

За шаут:
[МНР МАКЕДОНИЈА] Договор со Албанија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2177272/1/20