Ултимативен Патриотизам

Day 1,836, 04:58 Published in North Macedonia North Macedonia by ZecOrigins
Ултимативен патриотизам НЕ Е да живееш во беда во својата држава бидејќи не сакаш да земеш пасош на туѓа иако тоа книжуле ќе ти овозможи да чистиш тоалети на запад и да земаш х2 од тукашната просечна плата. Ултимативен патриотизам НЕ Е да не стапнеш во Веро или да се опираш да одиш на Егеј на одмор, иако за второто има човекоразумни причини зошто и би се случило имајќи го предвид имбецилното сфаќање на патриотизмот кај јужните ни комшии. Ултимативен патриотизам НЕ Е да го учиш малецкото дека шиптарите се мрсулаво племе кое че те пука, или дека славомакедонските каури ја окупирале дарданија и не ни даваат да дишеме па треба по секоја цена да планираме ослободување. Ултимативен патриотизам НЕ Е да го мразиш Џокович ради Шешељ и „Јужна Бановина“.

Ултимативен патриотизам е оние кои треба да ни помогнат - да не ни одмагаат. Да имаме доволно кеш во фрижидер за никој да не ни помисли на туѓ пасош, за да може од „патриотски“ причини да ја посети Венеција наместо Грција која и во време кога авионска карта до таму е 50 денари не врие од Македонци, ќе може да прошета и подалеку и почесто за да си постави солиден референтен систем во кој ќе сфати каде се наоѓа и Индија и Персија и Токијо и Милвоки-јо, ќе види што е нормалност, ќе се едуцира и информира. Ќе му се згадат сапуниците, ќе чита добри книги, ќе може наместо да работи како коњ по 20 саати за струја и парно да им посвети внимание на најмилите и да ги воспита за да ги припреми во прави луѓе кои утре државата ќе ја земат на свој грб.

Ултимативен патриотизам не е да создадеш услови цела држава да фаќа страна: Миленко или Беличанец. Ултимативен патриотизам е да создадеш услови 85% од жителите да не знаат кој им е премиер, а не пак кој со кого се пцуел на мајка на телевизија.

Драги мои „патриоти, предавници, соросоиди, македоноиди“, плавото или црвеното апче? Кое и да е, изгледа сме го лапнале.

препишано од Бетмен Велит.