ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ВОЈВОДИ ТЕТОВО

Day 1,821, 11:30 Published in North Macedonia North Macedonia by NENODS

Дојде време кога мора да си помагаме еден на друг, кога треба да им се помогне на сиромашните, оние кој во овие студени денови немаат со што да ги облечат нивните деца, кој немаат со што да се згреат во оваа ладна зима кој ни престои...
Поради оваа причина навивачката група '' ВОЈВОДИ '' го повикува секој граѓанин на Тетово, секој ВОЈВОДА, секој МАКЕДОНЕЦ во среда 21.11.2012 13 ч во црквата св.'' Кирил и Методиј '' да дојдат и да донесат се она што мислат дека во нивниот дом е вишок, а би можело да помогне и да се најде кaј некои семејства кој можеби баш тоа им е неопходно и им фали.
Би ни било чест доколку ова сите го сватите серизоно и дојдете во среда масовно да помогнете !

Со почит ВОЈВОДИ - ТЕТОВО