Српските хулигани: Доаѓаме да тепаме Албанци!

Day 1,791, 12:16 Published in North Macedonia Cuba by HeLLoUuUuu

Хулиганите припадници на двете најголеми српски навивачки групи „Делии“ и „Гробари“ ќе се обидат да го искористат гостувањето на репрезентацијата на Србија во Скопје, каде што утре ќе игра против Македонија во квалификациите за СП 2014 во Бразил, за пресметка со локалните Албанци, пишува денешен српски „Курир“.


Околу 300 најозогласени хулигани во текот на денешниот ден ќе тргнат во сопствена режија кон македонската престолнина со една единствена цел, како што велат тие самите, а пренесува „Курир“ – да ги претепаат скопските „Шиптари“!

„Ќе бидеме повеќе од 300, а ќе имаме помош и од локалните навивачи на Звезда и на Партизан“. Подготвуваме големо изненадување за Албанците во Скопје. Добро ќе не запаметат. Целта ни е да ги ловиме низ градот и да ги претепуваме. Бидејќи одиме во приватна режија, а не организирано мислам дека без проблеми ќе стигнеме во Скопје, но и до некој попатни места каде што живеат голем број Албанци“, е изјавата на еден од белградски хулигани дадена за српски „Курир“.

Vote + Sub + Shout
За Shout Српските хулигани: Доаѓаме да тепаме Албанци! http://www.erepublik.com/en/article/-1-2139271/1/20