Втор Извештај од Чиле - Интервјуа

Day 1,789, 09:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Goramn

Здравоживо Македонци,
Во претходната статија имавте можност да прочитате нешто повеќе за Чиле. За нивното издигање од пепелта нешто во стил на Феникс. За можеби најголемиот бејби-бум во играва, за нивната политичка состојба, походот преку Пацификот и окупацијата од Аргентина. Доколку ја немате прочитано статијата, пожелно е да ја прочитате па послем да продолжите со оваа. 🙂
( Претходната статија: http://www.erepublik.com/en/article/macedonian-embassy-in-chile-2136855/1/20 )

Во оваа статија ќе имате можност да ги прочитате интервјуата на Министерот за Надворешни Работи на Чиле, Luis Carrera и Претседателот, c.criis.

Започнуваме со Луис. 🙂

-Колку долго сте Министер за Надворешни Работи за Чиле и какво е Вашето исксутво од како сте на оваа позиција?
„Почнав да работам како амбасадор пред шест месеци. Имам работено во амбасадите на Хрватска, Германија, Канада, Австрија и Венецуела. Имам мал работен стаж и како воен инструктор во CoT сојузот и бев дел од конгресот во Ирска.
На почетокот бевме мала група која пробуваше на стапи во контакт и да создаде „пријателска линија“ со држави кои не беа секојдневна тема на муабет и чии армии не правеа по милиони и милиони штета секојдневно.
Со бејби-бумот, ни се отворија нови правци. Поточно, имавме свежа крв која беше желна за нешто повеќе, за власт. Се отворија нови политички партии, старите „се наполнија“ со секакви играчи, а и самата игра беше многу поинтересна. Тие што бевме, не успеавме да го достигнеме врвот сите заедно. Неколкумина се откажаа на сред пат, други пак имаа проблеми во вистинскиот живот, некои правеа погрешни чекори... за на крај да успееме во ова што сме денес. Аквитни. Борбени и пред се комуникативни со народот и останатите амбасади/држави со кои сме во добри односи, барем со добар дел од нив.“

-Свесни сме за Вашата ситуација и со секојдневните кошмари од Аргентина со тоа што сте мета едни на други преку обостраното прогласување за „Природени Нептријатели“. Дали постои можност за прекинување на таа војна и прогласување на мир во блиска иднина?
„Тешко. Во блиска иднина не гледам можност за да ставиме крај на оваа војна но имаме друга опција во игра во моментов, а тоа е игнорирање едни со други, како што е случајот со Бугарија и Турција.
Имаме шанса за да ставиме акцент на Австралија и да мируваме овде. Премногу време сме во војна, самото тоа не' прави безкорисни во битките на нашите сојуници. Тие нема да видат корист од нас доколку ние цело време нашата армија ја насочуваме кон нашите битки. Ние би склучиле мир со Аргентина доколку си ги повратиме нашите оригинални територии и доколку Аргентинците ја почитуваат слободата на Парагвај и Нов Зеланд“

-Какви се погледите на Чиле кон новиот сојуз на Македонија и Индонезија (Lions And Eagles)? Дали Чиле го насочува своето сидро кон новиот сојуз или тоа не е било тема на дискусија на последните состаноци?
„Чиле има доста добар број на сојузници во CoT, но ако имаме шанса да избираме, би ја избрале флотата на Македонија и Индонезија бидејки факт е дека поголемиот дел на штетата ја насочуваме кон битките на Индонезија против Романија. Се бориме повеќе за нив отколку за нас. Ова е поради лојалноста која ја имаат двете држави. Исто така сме во многу добри односи со Бугарија, кои пак се блиски со Македонија. Гледам можност за добар сојуз помеѓу овие држави на три континенти. 🙂
Нанесената штета на Чилеанските војници драстично се зголемува периодов. Моментално сме петнаесетта светска сила во втора дивизија, додека третата и четвртата дивизија се во добар пораст исто така.“


Бевте сведоци на едно многу интересно интервју од страна на Чилеанскиот Министер за Надворешни Работи. Луис ги отвори картите и на кратко ни пренесе некои работи што се случуваат во Чиле. Доколку сте заинтересирани повеќе за случувањата во Чиле, контактирајте го Luis Carrera.


Во вториот дел од статијава ќе можете да го прочитате краткото интервју на Македонската Амбасада во Чиле со Чилеанскиот претседател.
Доколку не сте запознаени, Чилеанскиот конгрес и поголемиот дел од народот е нзадоволен од нивниот претседател, па му пуштија закон за импич кој за среќа или несреќа не помина. Следната недела го очекува уште еден, се така до петти.

-Добредојде Крис на кафеавата фотелја. Најверојатно сте изморени од упорната работа па би можеле да одвоите неколку минути за Македонските играчи? 🙂
Секако дека ова не беше прашањето кое му го поставивме на Претседателот, али беше во тој смисол. 😛
-„Жртва сте“ на Q7 политичката партија и DrKaban кој е нај заслужниот човек за бејби-бумот во Чиле. Дали мислете дека играчите кои беа „донесени“ од него ќе се приклучат кон неговиот начин на игра?
„Сите знаеме дека тој врши пропаганди со неговото радио. Неговото расфрлање на голд на секој чекор... Сепак се зависи од народот. Јас не планирам да станам диктатор на Чиле и да бидам претседател на државава до крај на постоењето на Новиот Свет. 🙂
"Дај му на човекот сила и ќе го видеш неговото вистинско значење". Времето ќе покаже за иднината на Чиле.“

-Колку долго ја играте играва и кое е Вашето мислење за новосоздадениот сојуз на Македонија и Индонезија и влетувањето на Чиле во него?
„Играва ја играм безмалку две години и сум претседател за прв пат. Чудно искуство за малку постар играч. Околу новиот сојуз, закажан ни е состанок. Ќе видиме што ќе се дебатира. Ние секако, сме заинтересирани за танц со Македонија и Индонезија. Веќе со една нога сме во LEA, сепак, се' зависи од останатите претставници на државите.“

-Во претходното интервју го прашавме Министерот за Надворешни околу Аргентина па би сакале да го слушнеме и вашето мислење на прашањево. Дали Чиле планира да се поздрави со Аргентина и да склучи мир?
„Не се сложувам. Чилеанците се горд народ и нема туку така да се откажат од оваа битка. 😃

„Не ми се верува дека ме убедуваат дека имам уште една недела како претседател. Ми велат дека ќе ме остават сам. Се прашувам дали послем се' што сторија за Чиле, покрај бејби бумот, сите заедно ќе си заминат од државава? 😃

-Крис, дали мислеш дека сево ова се 'политички потези' или воени? Или пак опозицијата игра на карта 'лични интереси'?
„Се' од горе наведеново. 🙂


Тоа е тоа. Претседателот беше во гужва, му се заблагодаруваме за одвоеното време. Ние нашиот дел си го одработивме, Ваше е да ја гласате статијата и доколку имате прашања, слободно да се изјаснете во коментар или по порака. 🙂
Се надевам немам некои драстични грешки во текстов, доколку имам, прескокнете ги.

До следно читање. о7

За крај, Чиле во бело. (клик)


Para siempre Chile y Para siempre Macedonia


p.s.