И сега што?

Day 1,783, 18:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Македончето низ вековите покажало дека е алчно за територии кога има сила. Александар беше најголемиот освојувач во неговото време и кога владееше, си ги прецени силите и ги остави коските во туѓина, а којзнае каква ќе беше картата на светот и денес доколку не одеше за Персија и Индија, туку „само“ до Египет.

За да не должам, ќе го скокнам Цар Самоил и ќе се префрлам на играва.

Поради сплет на околности, цврста основа и одлична дипломатија, Мане Комита успеа со својот тим да ни донесе одлични 9/10 ресурси. АлексСкопје мудро ги зачува практично без војна и колку шо памтам касата на НБРМ се наполни. Во тој месец, си бркавме БХ медали, востанија, имавме големо производство, ниски даноци и финансиски и воено зајакна македонската е-индивидуа. Зимниците постепено се зголемуваа и ние станувавме се поспремни за војна.

Тогаш дојде идејата за 10/10 која беше претставена во предизборната програма на иван.ака.петок и тој победи на изборите со таа програма. Од мојата единица МЦФ како и самиот Иван можат да потврдат дека уште тогаш бев против тој напад на 10/10 за да не дојде до ова што дојде. Арно ама, требало да имаме војна за да ни станела поинтересна играва, шо колку-толку држи вода. Во тој маневар практично се скаравме со Шпанија, а подоцна и со Полска која пријателски ни го причува регионот со гумата, ама реално како да чекаше мала провокација за да ни откаже љубов. Тогаш не успеавме да поентираме бидејќи односите САД-Полска беа заладени и нашето НЕ кон Полска и законот од Мацедона, која како Американски конгресмен ја предложи Полска за НЕ, ја прели чашата. Ненамерно пробавме да направиме будали од Америка и Полска само заради таа проклета гума. Со овие 2 избрзани и на грешка пуштени закони, практично си дадовме не 1, туку 2 автогола. Нашата алчност тогаш немаше граници, ништо не ни беше битно освен проклетите 10/10. Да на споменувам дека Франција во меѓувреме не се придржувала кон некој договор со Полска, па Пољаците гневни на Французите имаа план да ги бришат. Тогаш ние им излеговме во пресрет и им ја оставивме Корзика. Реално, со планот за проклетите 10/10 сами си ја искроивме судбината и како и секогаш друг ни е крив.

Сега сме оставени на милост и немилост на Америка + ТЕДЕН кои не толчат од 2 страни. Ние немаме јасна визија кои ни се главни приоритети во моментов и што понатаму. Час фрчат шаути за поделба на тенкови во војните против Албанците, час дека ја враќаме Лигурија за да изгубиме граница со Америте. Веројатно и самата власт не знае кој е поголем приоритет.

НБРМ е празна и логично - пуштени се 3 нови закони за покачување на даноците. Ајде шо нема да имаме производство како кога бевме на 9/10, сега па и даноци повисоки ќе плаќаме. Немојте да мислите дека некој ќе се откаже од трговијата на црно заради патриотски причини. Со повисоките даноци само се стимулира трговијата на црно. Немојте да мислите дека некои кои имаат лиценци од странски пазари ќе продаваат во Македонија од патриотски причини. Немојте да мислите дека некој сега ќе работи во Македонија за плата од нешто повеќе од 1 тенк. И на крај, трговците кои препродаваат храна и оружје купени поевтино од странски пазари, сега нема да можат да ја спуштаат цената кај нас заради високите даноци што веројатно ќе доведе до мало покачување на цените. Се на се, лоша е ситуацијата.

Србите, пак, тераат друг филм - да тепаат Хрвати. Свесно се откажаа од Балканската империја која сами ја создадоа за да се тепаат со кој ќе стигнат за да ги фатат Хрватите и шо добија на крај - бетер се и од нас, а се многу силни.

Шо да правиме во иднина? Мене ако ме прашате, јас би ги вложил сите сили во тоа да се отарасиме од Америте, да ја оставиме Лигурија на Италијанците и да ги оставиме привремено Шиптарите да се прошират. Америте многу веројатно ќе најдат нова жртва за војна, дали ќе е Мексико или некој друг не ме интересира, но со нас нема повеќе да се замараат до толку. Кога ќе спласне овој антимакедонски набој кај душманите, нашата сила ќе дојде пак до израз и пак ќе ги столчиме Албанчината.


ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!



И сега што? [Nick Slaughter MK]
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2134561/1/20