Планот со Швајцарија

Day 1,725, 14:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Драги Македонци,

Сакам да ве информирам за планот со Швајцарија кој веќе започна да се спроведува.

Како што знаете законот за природен непријател од страна на Швајцарија кон нас е пуштен. Утре штом стапи во сила овој закон , Швајцарија ќе не нападне во регионот Graubunden и ќе ја изгуби битката. Со преземањето на иницијативата , ние ќе го нападнеме регионот Deutschscweiz и ќе го преземеме ресурсот железо. По ова ќе следува заземање на регионот Romandie.

ВАЖНО

Исклучително е важно, по преземањето на регионот Deutschscweiz и Romandie да се крене востание во областа Graubunden кое мора да биде успешно. Тој регион треба ПРВ да биде вратен на Швајцарија, за да нивниот главен град се наоѓа во тој регион.

Затоа ги повикувам сите Македонци да бидат добро информирани и да знаат дека , веднаш штом се освојат регионите Deutschscweiz и Romandie треба да се крене востание во Graubunden.

Доколку дојде до ослободување на Graubunden пред да ја избришеме Швајцарија, ќе мораме да ја нападнеме и во веќе ослободениот регион Graubunden, што ќе предизвика нарушување на договорот и преместување на нивниот главен град во друга првоослободена регија.




Во скоро време ќе ве информирам кога ќе се крева успешно востание и во регијата Северни црногорски планини, и со враќање на овој регион ќе престане и исплатата на наемнина за овој ресурс

Поздрав и секое добро,
Алекс