Објаснување

Day 1,719, 08:34 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Очекувано е да се крене многу прав на денот пред изборите. ја пишувам статијава за да дадам кратко објаснување.

На сликата каде се гледа дека сум пукал за Украина против Бугарија, не може да се види дека направив само 3 убиства , онолку колку ми беа потребни за знамето на таа земја. Точно е дека мхогу од вас го сметаат ова за грешка , но идејата ми беше од понеделник комплетно да се посветам на работата за еМакедонија и нашите сојузници. Трите убиства кои ги направив против бугарија не се ни еден посто од тоа што го имам направено за Бугарија, од првиот момент кога се потпиша МПП. Со ова не сакам да се оправдувам , туку само да објаснам за што точно се работи за да нема недоразбирања.

Што се однесува за статијата од marjansp, поврзана со Glamche и тоа кој бил он и што ќе направел, сакам да му порачам на авторот и на сите негови поддржувачи дека неаргументирано обвинување дека ќе ја украдеме НБРМ го сметам малициозно и тенденциозно пред изборите и на тоа нема да реплицирам.

Единствено што сакам е да ги повикам сите да не се препукуваат преку коментари и статии, идејата да бидам Претседател на Македонија е да се направи сплотување а не разединување помеѓу нас. Јас не сум лик кој се крие зад својт профил, напротив сум еден од оние кои најчесто е присутен на сите собиранки и активно комуницира со голем број Македонци инволвирани во играта.

Поздрав до сите,
AlexSkopje