Состанок на ОНЕ + случувања

Day 1,687, 13:46 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1

Здраво Македонијо,

Пред 1 саат започна состанокот на ОНЕ каналот на кој присуствувавме јас, Glamche и goodbeer.

Работите започнаа како што започнаа и имаше договори за тактиките за кој нема да проговорам ниту пак имав намера да го сторам тоа.

Дојде на ред конфликтот Македонија - Полска:

Први право на збор добија Полјаците кои немаа што да кажат освен дека Полска нема намера да се извини за ништо бидејќи сме признаени под името фиром, а не Македонија. Помина нивниот збор и добивме збор ние.

Прва работа која ја ја спомнав е дека Македонија е влезена во сојузот под името Македонија, не под референцата. Продолжив со мојот говор и ја пастирав изреката на Полскиот мод со кој ја навредува Македонија вметнувајќи РЛ проблеми и Полскиот претседател кој ја навредува Македонија под референцата на воениот канал на ОНЕ.

Единствено што побарав беше ЈАВНО извинување од Полска за работите да тргнат во нагорна линија. Но Полјаците продолжија со нивната ароганција и продолжија да навредуваат.

Во еден миг следуваше и предлог за КАЗНА на МАКЕДОНИЈА бидејќи пука против својот сојузник Полска. На тоа остро одговорив дека тоа е нормален чин бидејќи ја навредија Македонија на најлошиот можен начин.

Повторно побарав извинување од нив за да продолжиме и повторно наидов на нивната ароганција и нивното вреѓање кон нас за на крај да биде побарано гласање:

Или Македонија или Полска да излезе од ОНЕ доколку Полска не се извини и не постапи правилно. Дури реков дека и јас и владата ќе се извиниме доколку видиме Полско извинување. Но и по тоа Полјаците не го прифатија.

Македонијо, во следните 48 часа ќе ги видиме нашите вистински пријатели!

Затоа бидете горди, бидејќи ние сме МАКЕДОНЦИ.


Со сета почит,
DarkoDimovski1



За шаут:

Состанок на ОНЕ + случувања
http://tinyurl.com/ccarsbq