Детски школски бисери!!

Day 1,672, 04:19 Published in North Macedonia Chile by Ivankot

Повеќе ја сакам сестрата на мама од мојата. Она ми е тетка, а мојата не ми
е ништо!


На мајките не треба да им се дереме, они се корисни.


Баба е дебела зашто е полна со љубов.


Кога ја болат забите, баба само ги остава во чаша.


Девојчињата не мочкаат стоејќи зашто немаат за што да се држат.


Веќе немам баба, ја посадија на гробишта.


Не знам колку години имам, тоа постојано се менува.


Папата живее во Вакуум.


Кравите не смеат брзо да трчаат, за да не го истурат млекото.


Баба ни отиде на оној свет. Сега и ние имаме некој во странство.


Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена. Тоа се вика
монотонија.


Аквариумот е мало стаклено море кај што живеат домашни риби.


Сите кучиња сакаат вода. Некои до толку што живеат во неа. Тоа се морски кучиња.


Најкорисно животно е свињата. Од неа можеме да употребиме сè, месото од
напред и позади, кожата за чевли и името за пцуење.


За да биде добра, медицинската сестра мора да биде потполно стерилна.


Колку е човек постар, забите му се поскапи.


Полуостров е остров што уште не е направен до крај.


Алиментација е плата за децата кога таткото ќе се отсели.