Интервју со Персеј Македонски

Day 1,656, 16:11 Published in North Macedonia North Macedonia by ZecOrigins

Чест ми е и задоволство во мојата прва статија за весникот направен специјално за МНА да го претставам големиот Македонски еборец, пријател, и голем човек - Persej Makedonski . Најпрвин да се заблагодарам за тоа што прифати да му правам интервју, и ми одговори на сите поставени прашања. Се надевам не беа тешки ( хехехе )

1. Koj e Persej Makedonski во реалниот живот?

Персеј - Во РЖ сум Зоран Мијалков од Штип.

2. Зошто името Persej Makedonski?

Персеј -Персеј Македонски ми е име на налог уште пред 7 години кога прв пат почнав да ја играм стратегиската воена игра Т******.
Персеј Македонски е последниот Македонски Цар од лозата на Александар Македонски кој ги победил сите битки против римјаните во Македонско - римските војни, последната битка ја изгубил поради предавството на неговите благородници - коњицата, кои го напуштиле во среде битка во која сите пешадијци - Македонската фаланга загинале бранејки си го царот Персеј. Во негова чест мојот налог во било која игра е Персеј Македонски .

3. Кога започна да играш ерепублик и што те поттикна да играш?

Персеј -Персеј Македонски во Е-република се роди на 16 Јуни 2011

eRepublik birthday
Jun 16, 2011

Бидејки секоја вечер сум на форуми во касните часови и умирав од досада, еден пријател ми кажа дека има игра каде можам да убивам двоцефки.

И тоа беше тоа, одма си направив налог и почнав да тепам двоцефки искористувајки го одма целото злато кое го добив од играва, дел од златото ме прелажаа и го дадов за по некој тенк 🙂

4. Со кого од играва се спријатели ?

Персеј -Се спријателив со многумина, пријатели ми се дури и наши заколнати непријатели во играва како Ромпер на пример. Во играва сме непријатели но во РЖ им посакувам на сите се најдобро - се разбира освен на изродите човечки коине н го признаваат основното човечко право на секој народ - правото на сопствено име и култура.

5. Кога ќе слушнеш еРепаблик на што прво те потсетува ?

Персеј : -Ме потсетува на луѓето како тебе, моите пријатели кои да не ја играв играва немаше да знам и да знаете дека постоиме.

6. Доколку утре бидат избори за Претседател на еМакедонија на кого би му ја дале подршката?

Персеј : -Доколку утре бидат избори за претседател 100 % ќе гласам, ама го користам правото да не фаворизирам кандидат бидејки поважен е тимот кој ќе ја тера работата.

7. Што мислите за моменталната состојба во еМакедонија?

Персеј : -Моменталнава состојба во Е-Македонија е добра според мене, се разбира може да биде и подобра

Ама за да биде треба пред се да играме како тим, во кој сите ќе си помагаме и почитуваме меѓу себе - наместо да преовладува алчноста по медали, и виртуелни тенкови, пари и злато

Ме израдува денес што го оставиле КаратеМК д аго земе својот прв БХ медал и покрај опцијата за ракета и бомба од админите - тоа ми даде надеж дека можеме и повеќе и подобро

Дај БОЖЕ абрем во една игра за прв пат да бидеме колку толку сложни - тогаш верувам дека пак ќе бидеме империја на 3 континенти.

8. До кога планираш да играш еРепаблик ?
Персеј : -Е-република ќе ја играм додека постои, кога ќе остарам доволно ако сеуште постои Персеј Македонски ќе го играат синовите и дај БОЖЕ внуците.

П.С. Зошто да не бидат админите побогати од глупи стоки како двоцефките, кои и во една игра фрлаат грдна пара за да јадат ќотек од нас.

9. Што правиш кога не играш еРепаблик?

Персеј : -Кога не играм Е-република сум целосно посветен татко на два сина кои ми се целата моја Вселена, посветен сум на Фамилијата, пријателите и на мојата сакана Македонија ( придонесувам колку ми се можностите за нејзина афирмација помеѓу пријатели од странство ).

Работам како библиотекар во единствената подвижна библиотека во Македонија, заглавив со Магистерските студии, положив сите испити ама сега парите одат з асиновите. Пишувам поезија и се надевам дека ќе успејам некогаш да најдам доволно финансии за мојот напишан роман.

Сакам да се дружам со секој кој е за дружба, сакам да помагам секому на кој можам да му помогнам во рамките на моите можности, секој викенд сум во природа и се трудам да најдам време и за собиранките од Е-република бидејки сум дел од оваа заедница.

Инаку ја сум и крводарител со крвна група АБ-негатив, и со задоволство би помогнал , слободно контактирајте ме.

10. И за крај што сакаш да му порачаш на другите играчи на ерепублик?

Персеј : И покрај што е ова само игра, драги пријатели, браќа .

Овде се гледа и нашиот карактер и човечност, овде во една игра ако не можеме да бидеме сложни не се чудете што РЖ ни оди се полошо.

Вреди ли за еден мочан медал или виртуелно злато да си згазите на честа и достоинството ?

Според мене најважното нешто кое го добив од играва се многуте пријатели кои ги стекнав и кои ако не беше играта ќе ги немав во мојот живот и моите молитви .

Ве сакам сите 🙂
П.С. одвреме навреме сум избувлив - нема човек без маани, мене маана ми е што избувнувам кога гледам дека се прави неправда.

Слика од мене 🙂 да се знае кој сум.


И една од моите омилени слики од еРепаблик каде ја и Скајмекс правиме 9милиони заедно и ја земаме битката 🙂


Тоа беше интервјуто со Персеј Македонски , им благодарам на оние кои го прочитаа,a воедно уште еднаш благодарам на Персеј за тоа што ме удостои да му правам интервју , и за крај ве замолувам за 1 воте и суб (ако сакате ).

Поздрав,
ваш ZecOrigins.